Open call for video production

Јавен повик за ангажирање на правни лица (видео продукција) за изработка на промотивни видеа за проектот „Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“

Превземи Јавен повик (doc)

1. Краток опис на проектот

Здружението на граѓани “Еко Логик“ и здружението “Хуманост“ почнувајќи од 19-ти декември 2017 година започнаа со спроведување на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“, кој е финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија.

Предложената акција се фокусира на унапредување на две различни професии преку создавање на две нови програми за стручно образование и обука, една програма за обучувачи за помош на стари лица во домашни услови и друга за аналитичари за одржлив развој. Темите кои се насочени во акцијата се наменети за истата целна група, млади невработени лица, мажи и жени, вклучувајќи и млади луѓе од маргинализирани групи.

 2. Цели на проектот

 Генерална цел:

Подобрување на државни насоки и политики поврзани со невработеност на млади, социјални услуги и претпримеништво, и давање на насоки за нивно доближување кон тековни сродни ЕУ насоки и политики, преку остварување на клучен дијалог со политички актери, граѓански организации, бизнис заедница и други.

Специфични цели:

  • Цел 1: Вклучувањена граѓански организации во процесот на креирање на насоки и политики, како и подобрување и предложување на реформи во приоритетни сектори на теми вон-институционална грижа и социјални услуги за стари лица, како и одржливост и животна средина.
  • Цел 2: Усогласување на вештините на младите луѓе со потребите на пазарот на трудот, во согласност со најдобрите практики достапни во ЕУ.
  • Цел 3: Започнување на клучен дијалог со политички актери, бизнис заедница и граѓански организации со цел детерминирање на нивната улога во овозможување на одржливост и инклузија, преку иновативен и партиципативен пристап.
  • Цел 4: Обезбедување на поатрактивно образование и тренинг програми преку креирање и користење на ИКТ базирани методологии кои ќе водат кон подобрување на процесите на препознавање и валидација на компетенции и вештини.

Во рамките на проектот предвидена е изработка на две промотивни видеа која ќе има за цел да ги промовира целите на проектот со посебен фокус на младите невработени лица, ново креираните занимања и посебните образовни програми.

Со цел имплементација на оваа фаза од проектот, здруженијата Еко Логик и Хуманост објавуваат јавен повик за ангажирање на правни лица (видео продукција) за изработка на посакуваниот продукт.

3. Работни задачи на правното лице (видео продукција)

Ангажираното правно лице (видео продукција) ќе треба да ги извршува следните работни задачи:

  • Изработка на план за снимање
  • Посета на локации и нивно соодветно адаптирање пред снимање
  • Продукција на видео материјалите (видеата треба да бидат снимани во 4К резолуција и соодветно надополнето со 2Д графика и 3Д анимации, разработено од повеќе агли со користење на статични кадри и кадри во движење)
  • Постпродукција на видео материјал (во најмалку две верзии).
  • Соработка со проектниот тим

Останатите потребни информации како и потребната документација (финасиска понуда) ќе ги најдете во самиот повик на линкот погоре.

Краен рок за доставување на документацијата е најдоцна до 26.11.2018 година до 17.00 часот.

OTHER Calls

Повик за учество на обуки Green Skills 4 Women

Почитувани, Како дел од Еразмус програмата, Здружение за едукација и развој Видливост и Здружение на граѓани Еко Логик објавуваат повик за учество на обуки, како дел од проектот насловен Green Skills 4 Women. Трите обуки кои се опфатени во рамките на самиот проект се однесуваат на темите: Еко иновации, Еко политики и Одржлив равој. Целите […]

Read more

Повик за прибирање на понуди за постпродукција на видеа

Почитувани, Здружението на граѓани Еко Логик, преку Еразмус програмата имплементира проект насловен “Circle lab“. Целта на проектот има за цел да го поддржи професионалниот развој на професорите преку примена на практични и иновативни алатки во насока на промоција на циркуларна хемија во средните училишта. Во рамки на проектот ќе бидат подготвени дидактички материјали и едукативна […]

Read more

Oглас за вработување

Здружението на Граѓани ЕКО ЛОГИК, има потреба од нов(и) член(ови) во тимот кој/кои ќе се вклучат во планирање, креирање и имплементација на активности кои се дел од тековното работење на здружението.

Read more

Јавен повик за ангажирање експерт за подготовка на истражување за зелени вештини и нивниот потенцијал во средното образование во Северна Македонија

Здружение на граѓани “Еко Логик”, во рамки на проектот: “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) и партнерство со проектот „Образование за вработување во Северна […]

Read more
external-experts-for-online-research

Call for hiring external experts for online research and analysis

Eco Logic is hiring external experts for online research and analysis

Read more

Open call for hiring a company for print of T-shirts

Јавен повик за ангажирање на правни лица за печатење на маици за проектот „Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата“

Read more