Request for collecting offers for the purchase of laptops

request-for-collecting-offers-for-the-purchase-of-laptops

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ПРЕНОСНИ КОМПЈУТЕРИ

Здружението на граѓани Еко Логик за потребите на проектот “Инклузивен пазар на труд за одржлив развој на заедницата”, финансиран од Европската Унија, преку Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии на Република Македонија, на 14 март 2018 година објавува БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ – за набавка на преносни компјутери. За потребите на проектот потребна е набавка на четири персонални компјутери со ЕУ потекло според техничката спецификација претставена во официјалното барање. Цената на чинење на предметот на набавка треба да биде изразена во вкупна сума без ДДВ.

Понудата потребно е да биде доставена најдоцна до 21.03.2018 година и тоа електронски на е-пошта: ecologic.mk@gmail.com и mitevska.ecologic@gmail.com или во печатена верзија (лично или по пошта) на адреса Бранислав Нушиќ бр. 13-1/17, Скопје.

Барање за прибирање на понуди за набака на преносни компјутери.pdf (pdf)

OTHER Calls

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕДИA ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛНА КАМПАЊА

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) во партнерство со Еко Логик и ЦЕД Флорозон – Скопје, објавува повик за избор на физичко или правно лице за подготовка на медиумски план и развој на визуелен идентитет за дигитална едукативно-информативна […]

Read more

Завршен настан на проектот „Sustainability Coaches“ – Придружете ни се!

Одржливоста е клучен елемент во градењето на подобра иднина. Проектот „Sustainability Coaches“, инициран од Еко-Логик, е насочен кон развивање на едукативни алатки за подобрување на знаењата и вештините за одржлив развој. На завршниот настан ќе бидат презентирани резултатите од проектот, прирачникот за одржливост, интерактивната платформа и новата едукативна игра SDG Master, достапна како борд и […]

Read more

Зелена транзиција на малите и средни претпријатија во Македонија: Предизвици и можности

Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]

Read more