SAFER ROUTES во Вело посета на ООУ „Петре Поп Арсов“ – Богомила

На 28 и 29 септември 2022 година Еко Логик и Вело УЧилишта беа во работна вело-посета на  од ООУ „Петре Поп Арсов“ од Богомила. Посетата беше организирана во рамки на проектот „Safer Routes“, кој има за цел да промовира побезбедни патишта за учениците во руралните средини – од нивните домови до училиштата и назад.  Средбата […]

На 28 и 29 септември 2022 година Еко Логик и Вело УЧилишта беа во работна вело-посета на  од ООУ „Петре Поп Арсов“ од Богомила. Посетата беше организирана во рамки на проектот „Safer Routes“, кој има за цел да промовира побезбедни патишта за учениците во руралните средини – од нивните домови до училиштата и назад. 

Средбата всушност беше прв работен состанок и работилница на темата, вклучително и средба и презентација на проектот и неговите активности пред г-динот Горан Стојановски, градоначалник на општина Чашка. 

Освен тоа, партнерите имаа можност од прва рака да го тестираат руралниот сообраќај, возејќи велосипед со нас, од Оморани – Чашка – Велес – Скопје (по стар пат).

Проектот Safer Routes е дел од Еразмус+ програмата. Истиот е поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Честопати велосипедот е примарно, некогаш и единствено средство што децата во руралните средини го користат за превоз од дома до училиште и од училиште до дома.  Затоа и, едукацијата на овие ученици за како безбедно и правилно да возат во сообраќај; да користат рачна сигнализација; да ги препознаваат, но и почитуваат сообраќајните знаци, да носат заштитна кацига, како и, редовно да го одржуваат велосипедот и неговите делови се особено важни заради нивна лична безбедност, но и безбедност на останатите учесници во сообраќајот. 

Но, тоа не значи само едукација на децата или едукација на наставниците, ами значи и отворена и многу, многу сериозна соработка со општините заради,  побезбедни патишта за децата – велосипедисти, како и соработка и размена на позитивни практики и искуства со други држави ширум Европа. 

Со токму таа намера и, од 6 до 8 ноември, Здружение „Еко Логик“, како креатор на програмата Вело Училишта организираше студиска посета за наставници во Унгарија. Целта на посетата во која вклучени беа ООУ „Петре Поп Арсов“ од с. Богомила, Чашка беше, нашите наставници да се запознаат со работата на нивните колеги од рурална Унгарија (Csomad), како и да дискутираат за добрите практики на одржлив транспорт кои ги има во ЕУ земјите, вклучително и кај нас, во Македонија. 

Студиската посета во која учествуваа претставници на Еко Логик и наставниците од нашата Вело членка ООУ „Петре Поп Арсов“ беше организирана во рамки на проектот „Safer Routes for Cycling in Rural Areas”. Проектот Safer Routes е поддржан од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

OTHER News

Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

Read more

Отворен повик за наставници и едукатори

Обука и предизвик: „Парче по парче – Street Smart Flagbag сложувалка“ Еко Логик објавува отворен повик за избор на 10 наставници и едукатори кои ќе учествуваат на тридневна обука и практичен предизвик за имплементација на Street Smart Flagbag методологијата. 📅 Датум: 1–3 април 2026📍 Локација: Еко Логик, Скопје🕚 Времетраење: 11:00 – 14:00 часот Обуката ќе […]

Read more

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

ECOPULSE-Sport Driving Climate Action

ECOPULSE is a European initiative that connects sport with sustainable climate action. By using the popularity and accessibility of sport, the project raises awareness, inspires responsibility, and motivates citizens to actively participate in tackling climate change. Climate change cannot be addressed through policies alone, it requires engagement from communities, organizations, volunteers, and individuals. The sports […]

Read more