Stronger Together-Заедно Посилни-Билтен Февруари 2021

Интернационална Онлајн Конференција: Одличен успех!

Наставна програма, Дигитална друштвена игра, и Прирачник– подготвени и за превземање!

Интернационална Онлајн Конференција: Одличен успех!

На 28ми Јануари 2021, се одржа интернационалната онлајн конференција: Оригинално планирана како настан во Брисел, и имавме повеќе од 140 учесници од 11 Европски земји, Алжир па дури и Канада, и секако сите се сретнавме онлајн поради мерките на претпазливост и безбедност. Со неколку практични демонстрации се прикажаа резултатите од активностите кои траеа нешто повеќе од 2 години.

Наставна програма, Дигитална друштвена игра, и Прирачник– подготвени и за превземање!

Наставната програма на Заедно Посилни – Stronger Together се состои од пет едукативни модули, дизајнирани и креирани за наставници кои одржуваат настава со деца на возраст 10-12. Наставната програма поттикнува дијалог на основни теми со цел да се развијат одредени способности кои ќе помогнат во спречување на радикализација.

Прирачникот Заедно Посилни – Stronger Together е водич за наставниците за како да ги имплементираат петте модули на нивните часови, и како да ја користат дигиталната игра. Исто така, во него има и поглавје за најдобри практики врз основа на искуствата од наставниците кои ја тестираа наставната програма.

Дигиталната игра Заедно Посилни – Stronger Together е достапна на App Store за iOS и на Google Play за Android телефони и таблети. Но, дали знаевте дека се превзема бесплатно? Ќе можете да ја играте дома со вашите деца! Дигиталната друштвена игра е наменета за деца од 10-12 години, нивните наставници и родители/старатели, со цел да се поттикне # дијалог за темите моралност, самоконтрола, вклучување и диверзитет, критичко мислење, и како да се спречат и решат конфликти, за да бидеме Заедно Посилни!

OTHER Publications Publications for children

ВЕЛО-БУРЕ ПАРКИНГ Циркуларно решение за одржлива урбана мобилност

Вело-Буре паркинг е иновативно решение кое го трансформира отпадниот материјал во функционална урбана инфраструктура за паркирање велосипеди. Преку примена на принципите на циркуларна економија, иницијативата придонесува кон намалување на отпадот, поттикнување на велосипедската култура и создавање поодржливи градови. Решението е наменето за училишта, општини, јавни институции и приватни компании кои сакаат да инвестираат во зелена […]

Read more

INNO KIDS Педагошка рамка – Поддршка на иновативно и одржливо образование

Педагошката рамка на INNO KIDS претставува современ образовен модел кој има за цел да го подобри квалитетот на учењето преку иновативни и интерактивни наставни пристапи. Проектот е кофинансиран од Европската унија и се фокусира на развој на вештини, критичко размислување и одржливо образование кај учениците. Главната визија на рамката е да поттикне учење кое не […]

Read more

Последниот билтен на проектот PRepare: Заокружување на една европска приказна за одржлив туризам

Со овој, трет по ред билтен, го споделуваме и последниот официјален билтен од проектот PRepare, со што симболично ги заокружуваме активностите и резултатите од едно повеќегодишно европско партнерство посветено на одржливиот туризам, зелените вештини и климатската одговорност. Во рамки на проектот, во изминатите три години активно ги вклучивме општините, училиштата, младите, универзитетските професори, како и […]

Read more

Градови на иднината: Како апсајклингот создава еко-градови

Во денешниот динамичен свет, градовите се соочуваат со голем предизвик: како да растат одржливо, а истовремено да ја заштитат животната средина и да го подобрат квалитетот на живот на своите жители. Европскиот проект TUDEC – Through Upcycling to the Design of Eco Cities го адресира токму овој предизвик, поттикнувајќи училишта, заедници и локални организации да […]

Read more

Дизајнерско Размислување – Моќна алатка за младинска вклученост и локален развој

D.3.1 – Ризница на алатки и видеа, ресурс кој покажува како дизајнерското размислување може значително да ја зајакне младинската вклученост и да придонесе за одржлив локален развој е веќе достапен.. Документот е резултат на паневропска партиципативна анализа, реализирана во соработка со партнери од повеќе земји. Во него се истражуваат пет клучни пристапи: Што вклучува? Содржи […]

Read more