На 11 ноември 2022 година, регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Афшан Кан, го посети основното училиште „Лирија“ во Тетово.
Повод за посетата беше споделување активности како дел од програмата „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, во рамки на која, нашата организација Eco – Logic e имплементациски партнер, а е спроведувана од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведска.
Оваа програма овозможува учење преку непосредно искуство која им помага на децата да изградат нови вештини неопходни за справување со климатската криза.
За потсетување, во рамки на програмата и активностите што, почнувајќи од август 2021 година, во градинките и училиштата ширум државата беа организирани околу 3.000 експерименти, опфатени беа околу 100 градинки и основни училишта, како и повеќе од 10.000 деца, вклучително и огромен број наставници и воспитувачи.