Панел дискусија и презентација на Анализата на состојбите со зелените вештини

За да постигнеме вистинско зазеленување на нашата економија, неопходни нѝ се зелени кадри и таленти, кои ќе бидат главниот двигател во процесите на зелена транзиција. А, како поинаку да се постигне истото, ако не преку интегрирање на зелените теми и одржливоста во образованието?!  Токму на оваа тема, вчера (1 декември), разговаравме заедно со претставници на […]

За да постигнеме вистинско зазеленување на нашата економија, неопходни нѝ се зелени кадри и таленти, кои ќе бидат главниот двигател во процесите на зелена транзиција. А, како поинаку да се постигне истото, ако не преку интегрирање на зелените теми и одржливоста во образованието?! 

Токму на оваа тема, вчера (1 декември), разговаравме заедно со претставници на институциите, експертската јавност, како и средните стручни училишта во земјата. 

Панел дискусијата која беше организирана во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ беше посветена на презентација на клучните наоди од Анализата на состојбите со зелените вештини во земјата, како и дискусија за искуствата од зелената едукација во училиштата.

– Ние мора да ја интегрираме одржливоста во националните системи за образованието и обука, истакна заменик министерот за образование, г. Лулзим Алиу. 

Тој воедно потсети дека до овој момент, 121 наставник во државата ја минале обуката за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми. Дека се формирани 80 заедници за професионално учење, како и дека благодарение на квалитетните едукативни ресурси за училиштата, беа спроведени речиси 2.000 активности и експерименти во градинките и основните училишта. 

– Центарот за стручно образование и обука ќе продолжи понатаму, градејќи одговорни партнерства во кои, секој чинител ќе вложи соодветен напор со цел обезбедување квалитетно стручно образование и обука, кое одговара на пазарот на трудот, рече заменик директорот на Центарот за стручно образование и обука, г. Асим Даил. 

– Транзицијата на нашето општество кон поодржлива економија создава побарувачка за вешта работна сила, и таа работна сила мора да биде компетентна за да може да придонесе за процесот на озеленување на економијата, потенцираше заменик шефот на канцеларијата на УНИЦЕФ во замјата, г. Артур Ајвазов. 

– Само иновативни и флексибилни бизниси може да просперираат и да придонесат кон просперитетна економија, рече заменик амбасадорот на Швајцарија во земјата, г. Лучиан Егертер. 

„Зелената транзиција е од суштинско значење за забрзување на економскиот раст во Северна Македонија и регионот, особено имајќи ја предвид глобалната енергетска криза којашто ќе има многу лошо влијание на идниот раст“, додаде тој. 

Панел дискусијата беше организирана во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведска. 

Здружението Еко Логик e имплентациски партнер во истиот.

Конференцијата во целост, можете да ја проследите на следниот линк: https://www.facebook.com/EcoLogic.mk/videos/2455093148131769

Др. Проф. Наташа Даниловска

Како држава, ние сме обврзани не само да овозможиме пристап до соодветно стручно образование, но и да ги обучиме средношколците со соодветни вештини кои ќе им помогнат да најдат достоинствена работа. А, тука некаде влегуваат и зелените вештини без кои, не ќе биде возможна еколошка транзиција кон општества кои ефикасно ги користат природните ресурси. 

Токму на оваа тема, во четвртокот, на 1 декември зборуваше почитуваната професорка д-р Наташа Данилоска. Во своето излагање посветено на Анализата на состојбите со зелените вештини во земјата. Таа и професорот д-р Пеце Недановски, инаку автори на анализата се фокусираа на средното стручно образование и застапеноста на зелените вештини во образовните профили и наставните предмети. 

Од податоците и заклучоците кои професорката ги изнесе како резултат на истражувањето, во 19 струки и 93 профили кои беа предмет на анализа, кај само 33 профили се среќаваат квалификации со компетенции од сферата на зелените вештини.

Од 351 стручни наставни предмети пак, кај само 91 стручен предмет се интегрирани зелените вештини.

Дополнително, како што напомена професорката, иако има присуство на зелени вештини во средното стручно образование, најголем број од предметите се со релативно ниско ниво на интеграција на зелените вештини.

Анализата на состојбите со зелените вештини беше изработена и презентирана во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“. Проектот е спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведска. Еко Логик пак, е имплементациски партнер во проектот. 

Проф. Др. Пеце Недановски

OTHER News

Прва средба и обука за циркуларна економија 

Во рамки на ЦЕ Академијата одржана од Арно имавме можност да се запознаеме со основите на циркуларната економија. Преку воведна презентација од проф. д-р Наташа Данилоска, беа претставени концептите на 8R и нивната примена во создавање одржливи бизнис модели. Дискусиите ја нагласија важноста на интегрирањето на циркуларните принципи во секојдневните проекти и организации. Што научивме […]

Read more

Еко Логик станува дел од коалицијата за заштита на урбаното зеленило

Од 17 декември, Еко Логик официјално е дел од коалицијата посветена на борбата против злоупотребата на урбаното зеленило. Оваа иницијатива обединува граѓански организации, активисти и граѓани, со цел да се обезбеди достапно зеленило во секое соседство и општина, како и да се создадат услови за транспарентност и одговорност во неговото управување. Коалицијата ќе работи на […]

Read more

Извештај Up2neb Living Labs

Придонесот на Living Labs во Поттикнувањето на Одржливост, Инклузивност и Естетика: Искуства од Проектот UP2NEB Living Labs претставуваат иновативен пристап кој ги вклучува локалните заедници во заедничко креирање решенија за актуелните општествени и еколошки предизвици. Во рамките на проектот UP2NEB, овие лаборатории беа дизајнирани да ги истражат и зајакнат трите клучни принципи на иницијативата Нова […]

Read more

ИГРА ПРЕДИЗВИК ЗА ЦИРКУЛАРНА ХЕМИЈА

Игра за Циркуларна Хемија: Нов Начин за Учење и Едукација Зошто Циркуларната Економија е Важна? Циркуларната економија се фокусира на создавање решенија за одржлив развој преку минимизирање на отпадот и максимизирање на искористеноста на ресурсите. За да се доближи оваа концепција до младите генерации, проектот “Циркуларна хемија во дигиталната ера”, поддржан од Еразмус+, ја претставува […]

Read more

Eco Logic на ECON 2024: Ново поглавје на соработка и иновации

Со големо возбудување, Eco Logic објавува дека ќе учествува на ECON 2024, настан кој собира организации и експерти од цела Европа со цел да поттикне соработка, размена на знаења и истражување на нови можности во светот на ЕУ проектите. Оваа година, настанот ќе се одржи во Порто, Португалија, на 5 и 6 декември. Што е […]

Read more

Извештајот од проектот „Усогласување на менаџерските цели со влијанијата на туризмот“

Еко Логик со гордост го претставува проектот „Усогласување на менаџерските цели со влијанијата на туризмот“, финансиран од PONT. Овој проект има за цел да поттикне одржлив туризам и да обезбеди ефикасно управување со заштитените подрачја во планинскиот масив Корaб-Коритник, кој ги опфаќа териториите на Северна Македонија, Албанија и Косово. Проектот се фокусира на заштитата на […]

Read more