Како дел од Еразмус+ проектот „Upcycling Clothes and Mind“, на 16 и 17 октомври во Тарту, Естонија се одржа вториот состанок на партнерите, на кој учествуваа и наши претставници.
Освен за реализираните активности и резултати, на состанокот се разговараше и за водичот за учење од колеги / врсници, како и за претстојната, втора по ред работилница.
Проектот Upcycling Clothes and Mind цели да промовира одржливост и инклузија во образованието за возрасни и подобрување на компетенциите на едукаторите за одржливоста во текстилната индустрија.
Истиот е дел од Еразмус+ програмата и е поддржан од Националната агенција за образование во Европа од Федералниот институт за стручна обука во Германија.
За повеќе информации за проектот: https://upcyclingclothesandminds.weebly.com/
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/312212189_5508034292610681_3305847566181703188_n.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/312221667_5508034665943977_6439505749887889460_n-1920x1440.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/311994366_5508034305944013_8300846108018127949_n.jpg)