Младински иницијативи – ЈУГД „Весели Цветови“ – Скопје

Kон крајот на март и април, Здружение „Еко Логик“ организираше натпревар за градинките и училиштата во кој, право на учество имаа само оние кои ја минаа обуката „Искуствено учење и интеграција на концепти од природните науки, животната средина и климатските промени во образовниот систем“. Обуката беше организирана во 2021 година во рамки на проектот „Охрабрување […]

Kон крајот на март и април, Здружение „Еко Логик“ организираше натпревар за градинките и училиштата во кој, право на учество имаа само оние кои ја минаа обуката „Искуствено учење и интеграција на концепти од природните науки, животната средина и климатските промени во образовниот систем“. Обуката беше организирана во 2021 година во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ  со финансиска поддршка од Шведска. 

Тоа што е најважно, по повикот, избравме 8 иницијативи од редот на пријавени градинки и 5 иницијативи од редот на пријавени училишта. Една од тие 8 победнички младински иницијативи на градинките е и „Научно ЕКО катче“ на Елена Гоговска и тимот од градинката „Весели Цветови“ од Кисела Вода. Иницијативата имаше за цел да го трансформира празниот простор во градинката во забавно катче за децата, каде заеднички ќе учат и истражуваат за животната средина и климатските промени. 

OTHER News

Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

Read more

Отворен повик за наставници и едукатори

Обука и предизвик: „Парче по парче – Street Smart Flagbag сложувалка“ Еко Логик објавува отворен повик за избор на 10 наставници и едукатори кои ќе учествуваат на тридневна обука и практичен предизвик за имплементација на Street Smart Flagbag методологијата. 📅 Датум: 1–3 април 2026📍 Локација: Еко Логик, Скопје🕚 Времетраење: 11:00 – 14:00 часот Обуката ќе […]

Read more

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more

ECOPULSE-Sport Driving Climate Action

ECOPULSE is a European initiative that connects sport with sustainable climate action. By using the popularity and accessibility of sport, the project raises awareness, inspires responsibility, and motivates citizens to actively participate in tackling climate change. Climate change cannot be addressed through policies alone, it requires engagement from communities, organizations, volunteers, and individuals. The sports […]

Read more