Зошто граѓанска наука во образованието?

На 29 март бевме во Кочани каде, во соработка со општина Кочани, <3 организиравме кратка и интересна панел дискусија на тема: „Зошто граѓанска наука во образованието? “ Започнавме со тоа, што е граѓанска наука и искуствено учење;  какви се инспиративни проекти на граѓанска наука постојат; зошто ни’ е потребна граѓанска наука… по што, продолживме со некои интересни еко […]

На 29 март бевме во Кочани каде, во соработка со општина Кочани, <3 организиравме кратка и интересна панел дискусија на тема: „Зошто граѓанска наука во образованието? “

Започнавме со тоа, што е граѓанска наука и искуствено учење;  какви се инспиративни проекти на граѓанска наука постојат; зошто ни’ е потребна граѓанска наука… по што, продолживме со некои интересни еко иницијативи на ОУ Малина Попиванова Кочани и Еко Тим Исток, за на крајот да финишираме со уште поинтересни примери на граѓанска наука од американската ГЛОБЕ програма на Министерство за животна средина.

Благодарност до Лиле и општината! <3 Благодарност до Кате, Каролина, Ружица, Ирена и, најмногу благодарност до тим “Малина Попиванова”. Браво ученици.-Панел дискусијата е дел од проектот “Хаб на истражувачи”, финансиран од Амбасадата на САД, во Скопје, кој има за цел да поттикне поголема вклученост на училиштата и учениците во истражувачки еко активности и дискусија за еко иновации.

OTHER Events

Akuo EduLab – иновативен „Living Lab“

Што ако иднината на одржливоста започнува во училница? Во време кога светот се соочува со климатски предизвици, енергетска криза и потреба од одржлив развој, сè појасно станува дека вистинската промена не започнува само со технологија. Таа започнува со луѓето. Со знаењето што го пренесуваме. Со вредностите што ги градиме кај младите генерации. Токму затоа, образованието […]

Read more

Градење партнерства за проекти: учество на ScaleUP форумот во Нови Сад

На 26 и 27 март, во Нови Сад, се одржа меѓународниот форум „Building Skills and Partnerships for Impactful Funded Projects – ScaleUP“, кој обедини организации, експерти и практичари од регионот и Европа со заедничка цел  унапредување на квалитетот и влијанието на проекти финансирани од европските програми. Настанот беше организиран од Regional Development Agency of Bačka […]

Read more

Еко Логик на IDEAS Networking Event: Стратешко вмрежување и перспективи за иднината на европското финансирање

IDEAS Networking Event, организиран од CESIE ETS, повторно се потврди како една од водечките европски платформи за вмрежување на организациите во областа на образованието, обуките, иновациите и истражувањето. Настанот обедини организации, експерти и носители на одлуки од цела Европа со заедничка цел – размена на знаење, градење стратешки партнерства и навигација во услови на постојани […]

Read more

Три години посветеност на одржливиот туризам: Финале на проектот PRepare во Турција

По три години интензивна работа, посветеност и силна меѓународна соработка, на 26 ноември го одбележавме официјалното завршување на проектот PRepare – иницијатива што ги поврза младите и локалните институции од Македонија, Турција, Италија и Грција околу заедничка визија: развој и унапредување на одржливи туристички практики. Финалната конференција се одржа во градот Ушак, Турција, каде заедно […]

Read more

Eco Logic меѓу најбараните организации на INNEXA Alliance 2025 во Мадрид

На 4 и 5 ноември, во Talent Garden – Мадрид, се одржа настанот на INNEXA Alliance, кој обедини 127 учесници, 84 организации и 34 земји од 3 континенти, меѓу кои беа универзитети, компании, јавни институции и граѓански организации посветени на иновации, одржливост и прекугранична соработка. Вкупно беа организирани 445 состаноци, а нашата организација беше препознаена […]

Read more

Десетина моќни гласови и една заедничка порака: Скопје заслужува да биде подобар и позелен град

Вчера, на 30 октомври, амфитеатарот на Нетавил се претвори во сцена каде што градот проговори – преку гласовите на активисти, експерти, средношколци и пензионери кои споделија една заедничка визија: Скопје заслужува да биде поубаво, позелено и похумано место за живеење. Под наслов „Што со пост-изборно Скопје?“, граѓаните имаа можност да дискутираат, да прашаат и да […]

Read more