Почитувани,
За потребите на проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Амбасадата на САД, Здружение за заштита на животната средина „Еко Логик“ од Скопје прибира понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука во Кочани или околината.
I. Општи информации
(1) Обуката е предвидено да се спроведе во периодот од 20. до 22. септември 2024 г. (петок-недела).
(2) Обуката ќе се реализира во 2 или 3 дена (со едно или две ноќевања, полн пансион), зависно од цената и буџетот на располагање на набавувачот (Еко Логик).
(3)Обуката ќе вклучи максимум 25 лица – вработени во скопските општини и општина Кочани, обучувачи и членови на тимот на Еко Логик.
(4) Обуката се реализира со цел да се зајакнат капацитетите на општините за зелена транзиција, како и да се поттикне поголема соработка помеѓу општините и граѓаните.
II. Понуда
Вашата понуда треба да содржи:
- Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, лица за контакт, број и е-маил адреса за контакт.
- Цена за хотелско сместување во еднокреветна и двокреветна соба со доручек, ручек, вечера за 25 лица (за 1 и за 2 ноќевања). Пристигнување на 20 септември (петок), почнување со ручек или вечера и заминување на 21 септември или 22 септември, завршување со ручек.
- Цена за користење на сала за состаноци. Истата да е во самата локација или во близина на сместувањето.
- Цена за кафе паузи со вклучено кафе и вода. Предвидени се вкупно 4 паузи за три дена обука или 3 паузи за два дена.
- Цена за безалкохолен пијалок за време на оброците.
- Цена за дополнителен ручек (на 20ти).
- Предлог-мени.
напомена:
(1) Цените да бидат изразени во денари без вклучен ДДВ. Плаќањето ќе се врши на проект (донација), ослободен од ДДВ.
(2) Цените за сместување и полн пансион, како и кафе паузите да се пресметани по лице (мах 25 лица).
(3) Понудата да вклучува цени за два дена со едно ноќевање и цени за три дена со две ноќевања во еднокреветни и/или двокреветни соби .
III. Критериуми за избор:
- Цена
- Квалитет
Ве молиме вашата понуда да ја испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса: marina.ecologic@gmail.com најдоцна до 03.09.2024 година до 12:00 часот.