Вело родео

Безброј насмевки, едукативни работилници, 15 експерименти, забавни активности за климатски промени, интерактивни игри, возење на вело полигон беше дел од атмосферата на настанот Вело Родео во Школка, Градски парк. Родителите беа задоволни, а децата двојно среќни и задоволни, додека се натпреваруваа и учеа заедно. Вело авантурата беше надополнета со вежби и експерименти за деца со […]

‼️Безброј насмевки, едукативни работилници, 15 експерименти, забавни активности за климатски промени, интерактивни игри, возење на вело полигон беше дел од атмосферата на настанот Вело Родео во 📌Школка, Градски парк. Родителите беа задоволни, а децата двојно среќни и задоволни, додека се натпреваруваа и учеа заедно. 🚴🚵‍♂️

➡️Вело авантурата беше надополнета со вежби и експерименти за деца со попречености. По повод одбележувањето на Европската Зелена недела децата се дружеа, забавуваа и едуцираа на тема животна средина и климатски промени.🚴‍♀️🚴 

➡️Овој настан се реализира во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведска.🙂👇

OTHER News

Еко Логик на EntreComp Project Incubator во Рим

Еко Логик учествуваше на EntreComp Project Incubator, кој се одржа од 13 до 17 април 2025 година во Рим, Италија. Овој настан беше дел од Youth@Work партнерството и беше организиран од Италијанската Национална агенција за Еразмус+, со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија. Во текот на оваа енергична недела, […]

Read more

GREEEN настан: Наставници и ученици во акција за одржливо образование

Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени: Ако не сте во можност да присуствувате […]

Read more

Работилница за промоција на H4U прирачникот – Активна едукација за сите генерации

Еко Логик, во соработка со Национален Парк Галичица, организираше едукативна работилница за промоција на прирачникот H4U. Настанот беше отворен за сите и привлече учесници на возраст од 4 до 90 години, кои заедно учествуваа во низа едукативни и забавни игри. Целта на оваа работилница беше на пристапен начин, преку интерактивни активности, да се доближат темите […]

Read more

Презентација на H4U прирачникот во Битола: Едукативна дружба со учениците од ООУ „Тодор Ангелевски“

Во рамки на проектот H4U , тимот на Еко Логик имаше можност да го презентира новиот едукативен прирачник пред учениците од 9-то одделение во ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Овој настан претставуваше одлична можност да ги запознаеме учениците со значењето на природните живеалишта и биодиверзитетот, преку интерактивни и креативни активности кои се во согласност со […]

Read more

Едукативна Работилница за Млади Истражувачи: Одржливо Искористување на Отпад за Зелена Иднина

Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 10 април, во средата, се реализираше едукативна работилница во Биотехнолошката лабораторија. Работилницата, која беше организирана […]

Read more

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Локација: Скопје (Карпош)Тип на ангажман: Полно работно време (40 часа неделно), работа во канцеларијаРок за аплицирање: 25.04.2025 Процес на селекција:▪️Првична селекција на кандидати – до 30.04.2025▪️Интервјуа со селектирани кандидати – 05–07.05.2025▪️Тест активност (концепт-нота) –08–09.05.2025▪️Финална одлука и известување – до 12.05.2025▪️Планиран почеток: 15.05.2025 За нас – Еко ЛогикЕко Логик е граѓанска организација посветена на одржлив развој, […]

Read more