Видео библиотека на Innokids: Ново онлајн место за учење преку искуство

Еко Логик, како партнер во проектот Innokids – Innovative Approaches for Development of Sustainable Communities by Kids, ја претставува новата видео библиотека – онлајн платформа со повеќе од 100 едукативни видеа наменети за наставници, родители и сите кои работат во областа на едукацијата. Innokids е проект поддржан преку програмата Еразмус+, кој обединува организации од Словачка, […]

Еко Логик, како партнер во проектот Innokids – Innovative Approaches for Development of Sustainable Communities by Kids, ја претставува новата видео библиотека – онлајн платформа со повеќе од 100 едукативни видеа наменети за наставници, родители и сите кои работат во областа на едукацијата.

Innokids е проект поддржан преку програмата Еразмус+, кој обединува организации од Словачка, Македонија, Романија, Португалија и Италија. Главната цел е да се поттикне развојот на зелени вештини, креативност, уметност и иновации во образованието, со посебен фокус на Целта за одржлив развој бр. 11: Одржливи градови и заедници.


Што содржи видео библиотеката?

Платформата нуди практични видео материјали поделени во пет тематски области:

  • Живеалишта и заедници
  • Инфраструктура и транспорт
  • Рекреативни и слободни површини
  • Природни подрачја
  • Мерки за ублажување и адаптација

Секој модул вклучува видеа кои ги обработуваат темите преку реални примери и активности погодни за ученици од различни возрасни групи. Овие содржини се особено корисни за наставници кои работат во областа на природни и општествени науки, уметност, јазици, математика, СТЕМ-едукација и граѓанско образование.


Кој може да ја користи?

Видео библиотеката е наменета за:

  • Наставници во основно и средно образование
  • Родители кои сакаат да поттикнат одржливи навики кај своите деца
  • Едукатори во формално и неформално образование

Поврзаност со Целите за одржлив развој

Иако фокусот е на Цел 11 – Одржливи градови и заедници, проектот обработува и теми поврзани со:

  • Квалитетно образование (Цел 4)
  • Климатски акции (Цел 13)
  • Здравје и благосостојба (Цел 3)
    и многу други глобални цели од Агендата 2030.

Пристапете до видео библиотеката овде: Види ја платформата

Youtube


Овој проект е кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија (Project N. KA220-SCH-2B800C18).

OTHER Uncategorized

Чисто водно – наша заедничка одговорност

На 8 јули 2026 година, во рамки на иницијативата Green Wheelers, успешно се одржа еколошката акција „Чисто Водно – наша заедничка одговорност“, која обедини граѓани со заедничка цел – зачувување на едно од најзначајните природни богатства на Скопје. Учесниците се собраа во раните утрински часови кај Полициската станица – Водно, од каде започна акцијата за […]

Read more

Промотивно видео за селекција на органски отпад и циркуларна економија

Погледнете го нашето ново промотивно видео кое ја истакнува важноста на селекцијата на органскиот отпад и придобивките од неговото правилно сортирање. Целта на видеото е да поттикне граѓански ангажман и да ја нагласи улогата на органскиот отпад како секундарна суровина во создавањето здрава животна средина и ублажувањето на климатските промени. Во продукцијата учествуваа експерти за […]

Read more

DIFERAL Newsletter#4

Напредокот на проектот DIFERAL кон пилотирањето и пуштањето во употреба на МООС платформата. Конзорциумот на проектот DIFERAL се состана во Тампере, Финска, во јуни 2026 година, на четвртиот Транснационален состанок на проектот и едукативниот настан ULOS-UT-OUT. Партнерите го разгледаа досегашниот напредок, дискутираа за претстојната пилот-фаза и гидоговорија завршните активности потребни за трансформирање на Рамката на […]

Read more

Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

Read more