Еко Логик, како една од организациите грантисти на програмата Civica Mobilitas, заедно со партнерите Resource Environmental Center – REC North Macedonia и Center for Environmental Democracy – Florozon, учествуваше на средбата за вмрежување што се одржа во Гевгелија.
Настанот претставуваше значајна платформа за размена на мислења, искуства и добри практики помеѓу граѓанските организации и другите релевантни чинители. Посебен акцент беше ставен на улогата на животната средина во програмите и агендите на кандидатите за локалните избори во 2025 година, како и на потребата овие теми да бидат системски и суштински интегрирани во локалните политики.
Во рамки на дискусиите се отворија важни прашања поврзани со одговорностите и можностите на граѓанскиот сектор, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС, како и со улогата на градоначалниците и советниците во креирањето и спроведувањето одржливи локални решенија. Беше нагласено дека соработката помеѓу институциите и граѓанските организации е клучна за унапредување на транспарентноста, учеството на граѓаните и ефективното адресирање на еколошките предизвици на локално ниво.
Средбата во Гевгелија уште еднаш ја потврди важноста на вмрежувањето и дијалогот како основа за градење посилни локални заедници и поодржливи политики, во кои заштитата на животната средина има заслужено централно место.

