Нa 9 октомври 2025 година, Еко Логик, заедно со општина Кочани го одржаа и последниот отворен инфо ден на кој, учесници во проектот, како и претставници од општина, училишта, млади, граѓански организации и локални бизниси, имаа можност да се запознаат со резултатите од PRepare проектот, како и идеите кои се изготвија во рамки на работилниците за ко-креирање, организирани во текот на јуни 2025 година.
Конкретниот настан, како дел од Еразмус проектот, беше искористен и за доделување на сертификати на сите оние кои успешно ги завршија двете обуки за одржлив туризам, и кои, придонесоа за дополнителна промоција на проектот и неговите активности.
Со овој настан тимот на Еко Логик и општина Кочани ги завршуваат локалните активности во рамки на проектот, кои, паралелно се спроведуваа и во Турција, Грција и Италија.


