Еко Логик на Националниот форум 2025 – зајакнување на улогата на граѓанското општество

На 26 ноември 2025 година, Еко Логик учествуваше на Националниот форум – Саем на граѓански организации, кој оваа година се одржа под мотото „Соработка на Владата со граѓанското општество“. Настанот претставуваше важна можност за дијалог, размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу институциите и граѓанските организации. Во рамките на саемот, тимот на Еко Логик […]

На 26 ноември 2025 година, Еко Логик учествуваше на Националниот форум – Саем на граѓански организации, кој оваа година се одржа под мотото „Соработка на Владата со граѓанското општество“. Настанот претставуваше важна можност за дијалог, размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу институциите и граѓанските организации.

Во рамките на саемот, тимот на Еко Логик ја претстави својата работа и тековните активности, со посебен фокус на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот се реализира со поддршка од програмата Civica Mobilitas, во партнерство со Resource Environmental Center – REC North Macedonia и Center for Environmental Democracy – Florozon.

Присуството на Националниот форум овозможи директна комуникација со други граѓански организации, претставници на институциите и пошироката јавност, како и споделување на примери за тоа како граѓанскиот активизам може да придонесе кон одржливи политики и практики.

Еко Логик останува посветена на градење поодржливи заедници и на зајакнување на улогата на граѓанското општество како важен актер во процесите на позитивна општествена и еколошка промена.

OTHER Uncategorized

Чисто водно – наша заедничка одговорност

На 8 јули 2026 година, во рамки на иницијативата Green Wheelers, успешно се одржа еколошката акција „Чисто Водно – наша заедничка одговорност“, која обедини граѓани со заедничка цел – зачувување на едно од најзначајните природни богатства на Скопје. Учесниците се собраа во раните утрински часови кај Полициската станица – Водно, од каде започна акцијата за […]

Read more

Промотивно видео за селекција на органски отпад и циркуларна економија

Погледнете го нашето ново промотивно видео кое ја истакнува важноста на селекцијата на органскиот отпад и придобивките од неговото правилно сортирање. Целта на видеото е да поттикне граѓански ангажман и да ја нагласи улогата на органскиот отпад како секундарна суровина во создавањето здрава животна средина и ублажувањето на климатските промени. Во продукцијата учествуваа експерти за […]

Read more

DIFERAL Newsletter#4

Напредокот на проектот DIFERAL кон пилотирањето и пуштањето во употреба на МООС платформата. Конзорциумот на проектот DIFERAL се состана во Тампере, Финска, во јуни 2026 година, на четвртиот Транснационален состанок на проектот и едукативниот настан ULOS-UT-OUT. Партнерите го разгледаа досегашниот напредок, дискутираа за претстојната пилот-фаза и гидоговорија завршните активности потребни за трансформирање на Рамката на […]

Read more

Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

Read more