Еко Логик станува дел од коалицијата за заштита на урбаното зеленило

Од 17 декември, Еко Логик официјално е дел од коалицијата посветена на борбата против злоупотребата на урбаното зеленило. Оваа иницијатива обединува граѓански организации, активисти и граѓани, со цел да се обезбеди достапно зеленило во секое соседство и општина, како и да се создадат услови за транспарентност и одговорност во неговото управување. Коалицијата ќе работи на […]

Од 17 декември, Еко Логик официјално е дел од коалицијата посветена на борбата против злоупотребата на урбаното зеленило. Оваа иницијатива обединува граѓански организации, активисти и граѓани, со цел да се обезбеди достапно зеленило во секое соседство и општина, како и да се создадат услови за транспарентност и одговорност во неговото управување.

Коалицијата ќе работи на застапување за зелени јавни простори, заедно со механизми за пријавување случаи на корупција кои се однесуваат на злоупотреба на урбаното зеленило. На граѓаните ќе им биде достапна и поддршка од стручен тим за решавање на овие случаи.

За првите чекори во оваа иницијатива, имавме можност да учествуваме на јавна дебата на тема заштита на урбаното зеленило, каде се разговараше за предизвиците и можностите за подобрување на состојбата во урбаните средини.

Оваа активност е дел од поширока рамка на проектот “Граѓаните против корупцијата во животната средина,” кој е финансиран со цел поддршка на транспарентноста и инклузијата во процесите поврзани со управувањето на природните ресурси.

Соработката и отворениот дијалог меѓу граѓанските организации и институциите се клучен чекор кон создавање одржливи и зелени урбани простори. Еко Логик ќе продолжи активно да се ангажира во заштитата на природните вредности и промоцијата на еколошките принципи во урбаните заедници.

OTHER News

Последен онлајн состанок на GAIA проектот пред завршната конференција во Скопје

На 6 мај 2025 година, се одржа последниот онлајн состанок на партнерите на проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, каде што беа разгледани најважните прашања поврзани со финализацијата на проектот и претстојната завршна конференција. Состанокот се одржа преку Zoom и на него учествуваа претставници од сите партнерски организации од Италија, Шпанија, […]

Read more

Еко Логик на EntreComp Project Incubator во Рим

Еко Логик учествуваше на EntreComp Project Incubator, кој се одржа од 13 до 17 април 2025 година во Рим, Италија. Овој настан беше дел од Youth@Work партнерството и беше организиран од Италијанската Национална агенција за Еразмус+, со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија. Во текот на оваа енергична недела, […]

Read more