Во просториите на Mladi Hub, се одржа завршниот настан на проектот „Sustainability Coaches“, кој ги собра на едно место едукатори, ентузијасти и експерти посветени на унапредување на образованието за одржливост. Овој настан беше не само можност да ги споделиме резултатите од проектот, туку и да се инспирираме за идни иницијативи и соработки.
Клучни моменти од настанот
🔹 Наставната програма – Претставена беше иновативната наставна програма која го олеснува воведувањето на концептите за одржливост во образованието.
🔹 Интерактивната платформа – Дигиталниот алат што нуди ресурси, активности и практични примери за одржлив развој, подготвен да ја поддржи работата на едукаторите.
🔹 SDG Master – дигитална и борд игра – Играта што успешно ги поврзува знаењето и забавата, помагајќи им на младите да ги разберат Целите за одржлив развој (SDGs) преку интерактивен и мотивирачки пристап. 🎲💡
Настанот беше одлична можност за размена на идеи, споделување на искуства и инспирирање нови иницијативи. Присутните учесници не само што се запознаа со алатките и ресурсите што ги развивме, туку и дискутираа за нивната практична примена и можностите за идни партнерства.
Голема благодарност до сите што ни се придружија, активно учествуваа и придонесоа за унапредување на образованието за одржливост! Вашата поддршка и ентузијазам ни даваат мотив да продолжиме со градење нови можности за учење и соработка.












