IDEA анкета за невработени возрасни лиц

Во рамки на ИДЕА проектот, поддржан преку програмата Еразмус+, Здружение „Еко Логик“ во периодот од 20 декември 2022 до средината на јануари 2023 година, спроведува онлајн прашалник наменет за сите невработени возрасни лица на возраст од 45+ години. Прашалникот и активноста имаат за цел да се идентификуваат потребите за стекнување на нови вештини, како и […]

Во рамки на ИДЕА проектот, поддржан преку програмата Еразмус+, Здружение „Еко Логик“ во периодот од 20 декември 2022 до средината на јануари 2023 година, спроведува онлајн прашалник наменет за сите невработени возрасни лица на возраст од 45+ години. Прашалникот и активноста имаат за цел да се идентификуваат потребите за стекнување на нови вештини, како и пречките со кои невработените возрасни лица над 45 години се соочуваат. 

За целосната содржина на прашалникот, кликнете на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSddHnX0Qat…/viewform…

Прашалникот е дел од истражување на Еко Логик и организации од Полска, Босна и Херцеговина и Италија. Истото се спроведува во рамки на проектот „Подобрена вработливост преку едукација за циркуларна економија за возрасни – ИДЕА“ или, Improved Employability through circular economy education for Adults – IDEA кој е дел од Еразмус+ програмата. Еко Логик е организација-партнер во истиот.

IDEA е проект од Еразмус плус роектите финансирани од Европската Унија

OTHER News

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more

Последен онлајн состанок на GAIA проектот пред завршната конференција во Скопје

На 6 мај 2025 година, се одржа последниот онлајн состанок на партнерите на проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, каде што беа разгледани најважните прашања поврзани со финализацијата на проектот и претстојната завршна конференција. Состанокот се одржа преку Zoom и на него учествуваа претставници од сите партнерски организации од Италија, Шпанија, […]

Read more

Излези и научи Воннаставни активности

Во свет кој постојано се менува, традиционалниот начин на учење повеќе не е доволен за целосен развој на учениците. Токму затоа се појавува прирачникот „Излези и научи“ – иновативен ресурс кој ги охрабрува наставниците и учениците да излезат надвор од ѕидовите на училницата и да учат преку искуство, истражување и креативност. Овој прирачник, издаден од […]

Read more