Инспиративен GREEEN настан во Скопје!

🎉 Инспиративен GREEEN настан во Скопје! 🌍📍 30 април | Младински Центар Матично Под мотото „Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците“, Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес го организираа мултипликаторниот настан за промоција на резултатите од проектот GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education Network. […]

🎉 Инспиративен GREEEN настан во Скопје! 🌍
📍 30 април | Младински Центар Матично

Под мотото „Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците“, Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес го организираа мултипликаторниот настан за промоција на резултатите од проектот GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education Network.

👥 На настанот беа споделени:

Прирачник за претприемништво – со нови идеи за претприемачки предизвици.

Прирачник за воннаставни активности – креативни решенија за учење надвор од училница.

 Онлајн лекции – 80 нови дигитални ресурси од областа на природни и општествени науки, уметност  технологија, кои ќе го збогатат искуството на наставникот.

 Презентација на најдобрите еколошки иницијативи и претприемачки проекти – извонредни примери на иновации и еколошки проекти во кои учениците активно учествуваa.

 Статии од онлајн весник, создадени од учениците- повеќе од 100 написи кои се фокусирани на еколошки прашања и претприемништво

Презентација на стрип – визуелно инспиративно согледување на еколошките проблеми.

Учениците зборуваа за своето искуство од нивното учество преку подготвка на статии, стрип и проекти

📣 Што велат учесниците?
✔️ Одлична организација и корисна содржина
✔️ Практични и иновативни примери, особено стрипот како едукативна алатка
✔️ Доволно време за дискусија и размена на искуства
✔️ Силна желба за повторна соработка и идни активности

Овој настан го потврди значењето на креативниот пристап во едукацијата и важноста на соработка помеѓу ученици и наставници. Продолжуваме со уште поголема мотивација! 💡🌿

OTHER Uncategorized

Чисто водно – наша заедничка одговорност

На 8 јули 2026 година, во рамки на иницијативата Green Wheelers, успешно се одржа еколошката акција „Чисто Водно – наша заедничка одговорност“, која обедини граѓани со заедничка цел – зачувување на едно од најзначајните природни богатства на Скопје. Учесниците се собраа во раните утрински часови кај Полициската станица – Водно, од каде започна акцијата за […]

Read more

Промотивно видео за селекција на органски отпад и циркуларна економија

Погледнете го нашето ново промотивно видео кое ја истакнува важноста на селекцијата на органскиот отпад и придобивките од неговото правилно сортирање. Целта на видеото е да поттикне граѓански ангажман и да ја нагласи улогата на органскиот отпад како секундарна суровина во создавањето здрава животна средина и ублажувањето на климатските промени. Во продукцијата учествуваа експерти за […]

Read more

DIFERAL Newsletter#4

Напредокот на проектот DIFERAL кон пилотирањето и пуштањето во употреба на МООС платформата. Конзорциумот на проектот DIFERAL се состана во Тампере, Финска, во јуни 2026 година, на четвртиот Транснационален состанок на проектот и едукативниот настан ULOS-UT-OUT. Партнерите го разгледаа досегашниот напредок, дискутираа за претстојната пилот-фаза и гидоговорија завршните активности потребни за трансформирање на Рамката на […]

Read more

Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

Read more