На почетокот на јуни, заедно со Општина Кочани, организиравме уште една едукативна и инспиративна работилница посветена на темата одржлив туризам. Настанот се одржа во Кочани и беше наменет за средношколци и наставници од локалните училишта.
За време на работилницата ја претставивме програмата за е-учење за одржлив туризам, развиена во рамки на PRepare проектот. Преку интерактивна презентација и дискусија, учесниците добија можност да научат повеќе за туристичкиот сектор, потенцијалот за вработување и можностите за развој на локални иницијативи поврзани со одржливи практики.
Работевме и на развивање на креативни идеи за зелен туризам, со фокус на промоција на природните, културните и гастрономските потенцијали на Кочани. Во мали групи, младите предложија конкретни активности и пристапи за привлекување туристи, со акцент на заштита на животната средина и локалниот идентитет.
Особена благодарност упатуваме до учениците и професорите од СОУ “Љупчо Сантов“ – Кочани и СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за нивниот ентузијазам, идеи и ангажман. Исто така, благодарност и до Општина Кочани и хотел СитиИн за поддршката и за споделувањето на искуства и добри практики преку нивните презентации.
PRepare проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ програмата. Проектот се реализира во соработка со партнери од Турција, Италија, Грција и Македонија и има за цел да ги поддржи младите и локалните заедници во развојот на капацитети за одржлив туризам.