Искуствено учење – тестирање на подготвени активности/експерименти за животна средина и климатски промени во основни училишта (Недела број 1)

Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in primary schools (Week number 1) Во период од 29.10 до 10.11.2021 година, 9 основни училишта на територија на Скопје реализираа 23 подготвени активности/експерименти од страна на Еко Логик во рамките на проектот  “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија […]

Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in primary schools (Week number 1)

Во период од 29.10 до 10.11.2021 година, 9 основни училишта на територија на Скопје реализираа 23 подготвени активности/експерименти од страна на Еко Логик во рамките на проектот  “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА). Преку активности беа опфатени 476 ученици од основно училиште.

Активностите кои се реализираа а беа во насока на унапредување на образованието за животна средина и климатски промени беа:

  • Одржлива градина
  • Фаќач на дожд
  • Преку спорт до одржливи цели

Дел од коментарите од страна на наставниците беа:

  • Презадоволни ученици кои со големо задоволство ја реализираа активноста и најважно вниманието на високо ниво за време на целата активност! (Фанка Каралиева, ООУ Крум Тошев, општина Гази Баба, Скопје)
  • Супер активност, учениците беа весели, разиграни , а пред се научија дека треба да ја заштитуваат природата. (Елена Максимовска, ПООУ Наум Охридски, општина Гази Баба, Скопје)

#ecologic #екологик #животнасредина #климатскипромени #уницеф #искуствено учење

OTHER Activities News

Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍. Овојпат, ни се придружија Филип од Градината […]

Read more

Еко-едукација за возрасни: Посета на Отворената Градска Лабораторија во рамки на ГЕА проектот

На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации. За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да […]

Read more

Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на […]

Read more