Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во училиштата.

Работилницата беше организирана со минимален теоретски дел и силен фокус на практичната работа. Учениците самостојно експериментираа, дискутираа и истражуваа како секојдневниот отпад, како отпадните масла и лушпите од компири, може да се пренамени и да стане вредна суровина. Преку ваков пристап, тие се запознаа со концептите на циркуларната економија и со можностите науката да понуди конкретни решенија за еколошките предизвици.

Овие настани, реализирани во рамките на караванот за демонстрирање експерименти во училиштата, се дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Проектот го спроведува Resource Environmental Center – REC North Macedonia, во партнерство со Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas. Преку вакви активности, учениците не само што стекнуваат нови знаења, туку и се охрабруваат критички да размислуваат, да експериментираат и активно да придонесуваат кон поодржлива иднина.

OTHER Uncategorized

Чисто водно – наша заедничка одговорност

На 8 јули 2026 година, во рамки на иницијативата Green Wheelers, успешно се одржа еколошката акција „Чисто Водно – наша заедничка одговорност“, која обедини граѓани со заедничка цел – зачувување на едно од најзначајните природни богатства на Скопје. Учесниците се собраа во раните утрински часови кај Полициската станица – Водно, од каде започна акцијата за […]

Read more

Промотивно видео за селекција на органски отпад и циркуларна економија

Погледнете го нашето ново промотивно видео кое ја истакнува важноста на селекцијата на органскиот отпад и придобивките од неговото правилно сортирање. Целта на видеото е да поттикне граѓански ангажман и да ја нагласи улогата на органскиот отпад како секундарна суровина во создавањето здрава животна средина и ублажувањето на климатските промени. Во продукцијата учествуваа експерти за […]

Read more

DIFERAL Newsletter#4

Напредокот на проектот DIFERAL кон пилотирањето и пуштањето во употреба на МООС платформата. Конзорциумот на проектот DIFERAL се состана во Тампере, Финска, во јуни 2026 година, на четвртиот Транснационален состанок на проектот и едукативниот настан ULOS-UT-OUT. Партнерите го разгледаа досегашниот напредок, дискутираа за претстојната пилот-фаза и гидоговорија завршните активности потребни за трансформирање на Рамката на […]

Read more

Еко Логик на Националниот форум 2025 – зајакнување на улогата на граѓанското општество

На 26 ноември 2025 година, Еко Логик учествуваше на Националниот форум – Саем на граѓански организации, кој оваа година се одржа под мотото „Соработка на Владата со граѓанското општество“. Настанот претставуваше важна можност за дијалог, размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу институциите и граѓанските организации. Во рамките на саемот, тимот на Еко Логик […]

Read more