Камп Охрид дел од проектот„Хаб на истражувачи”

Нашиот тридневен камп за граѓанска наука и животна средина заврши на 9 јуни. Две групи од по 30 млади учесници, вклучувајќи професори од средните училишта од Скопје и Кочани, како и шампионите од ОУ Малина Попиванова Кочани, учествуваа во Камп Охрид дел од проектот„Хаб на истражувачи” кој се одржа во Извидничкиот Центар Охрид. Учесниците имаа […]

Нашиот тридневен камп за граѓанска наука и животна средина заврши на 9 јуни. Две групи од по 30 млади учесници, вклучувајќи професори од средните училишта од Скопје и Кочани, како и шампионите од ОУ Малина Попиванова Кочани, учествуваа во Камп Охрид дел од проектот„Хаб на истражувачи” кој се одржа во Извидничкиот Центар Охрид.

Учесниците имаа можност да учествуваат во интерактивната потрага по специфични растенија во кампот со колегата Драган, да спроведат експеримент за загадување на почвата со Цаци, и да присуствуваат на краткото предавање „зошто и како“ за граѓанска наука и искуствено учење со Стојне и Никола. Дополнително, беа организирани и работилница за активизам и планирање на еко акции и еко истражувачки иницијативи со Мартина, сесија за еко и хуман урбан простор со Ива, како и брза екскурзија и предавање за „белите дробови на Охридското езеро“ – Студенчишко блато со Кате од Охрид СОС, Сашо и Виктор од Лихнид.

Во рамки на активностите, учесниците учествуваа и во акции за чистење на Охридското езеро со Никола Паскали.

Искажуваме благодарност до директорите и професорите од СУГС Гимназија “Орце Николов”, СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ – Скопје, СЕПУГС Васил Антевски Дрен, СУГС Владо Тасевски, СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје, СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани, и ОУ Малина Попиванова Кочани, како и на одличната екипа на млади учесници.

Активностите во рамки на кампот беа организирани како дел од проектот „Хаб на истражувачи“, поддржан од Американската Амбасада во Скопје, Македонија.

Се надеваме дека ова искуство ќе ги поттикне младите и наставниците да продолжат со истражувањето и грижата за животната средина, применувајќи научни методи и споделувајќи ги своите откритија со заедницата.

OTHER Activities Events Galleries Uncategorized

Eco Logic на ECON 2024: Ново поглавје на соработка и иновации

Со големо возбудување, Eco Logic објавува дека ќе учествува на ECON 2024, настан кој собира организации и експерти од цела Европа со цел да поттикне соработка, размена на знаења и истражување на нови можности во светот на ЕУ проектите. Оваа година, настанот ќе се одржи во Порто, Португалија, на 5 и 6 декември. Што е […]

Read more

Отворен ден за искуствено учење

Да се потсетиме на фантастичниот настан што го организиравме – отворениот ден за искуствено учење. Овој настан беше пример за тоа како учењето може да биде забавно, иновативно и инспиративно. Во текот на денот, имавме можност да покажеме како искуственото учење, преку практични активности и интерактивни работилници, може да ја трансформира традиционалната образовна практика и […]

Read more

„ГРАЃАНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО УПРАВУВАЊЕТОСО ОРГАНСКИ ОТПАД“

Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Флорозон – Центар за еколошкадемократија и Еко Логик во јули 2024 год. започнаa со спроведување на проектот „Граѓанскиактивизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување сооргански отпад со стекнување на практични […]

Read more

Работилница во рамки на проектот Хаб на истражувачи

🗣 Почнувајќи од петок до недела (20-22 септември), Еко Логик организира тридневна работилница и дискусија на тема зелени вештини и зелена транзиција на општините која ќе се случува во прекрасниот Еурохотел Градче во Кочани. 👥🌱 📅 Настанот е одлична можност да дознаете нешто повеќе за тоа, како да го забрзате процесот на зазеленување на вашата […]

Read more

Завршен настан Design Тhinking for Social Inclusion 

На 31 јули, го организиравме последниот настан од проектот “Дизајнерско размислување за социјална инклузија”, кој имаше за цел да ги презентира резултатите и активностите на проектот. Овој настан исто така ја промовираше нашата платформа за е-учење, посветена на примена на процесот на дизајнерско размислување во сферата на социјалната работа, животната средина, одржливото менаџирање и социјалното […]

Read more

ИДЕА ПОДОБРЕНА ВРАБОТЛИВОСТ ПРЕКУ ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

Добредојдовте на ИДЕА-водичот – вашиот клучен ресурс за промовирање на одржливи практики и циркуларна економија во образованието на возрасните. Во свет кој брзо се менува, потребата за иновативни пристапи кон учењето е поважна од кога и да е. ИДЕА-водичот ги опремува едукаторите и институциите со практични алатки и методологии дизајнирани да направат вистинска разлика. Со […]

Read more