Од Скопје до Грац: Градот низ очите на велосипедистите

Понекогаш, за да запознаеш еден град, доволно е да седнеш на велосипед и едноставно да тргнеш. Во рамки на проектот “SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE”, заедно со учениците од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје, отпатувавме во Грац, Австрија, за да го истражиме градот од поинаква перспектива – онаа на велосипедистите. Возевме низ улиците, ги следевме […]

Понекогаш, за да запознаеш еден град, доволно е да седнеш на велосипед и едноставно да тргнеш.

Во рамки на проектот “SKOPJE–GRAZ: OUR CITY, OUR RIDE”, заедно со учениците од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје, отпатувавме во Грац, Австрија, за да го истражиме градот од поинаква перспектива – онаа на велосипедистите.

Возевме низ улиците, ги следевме велосипедските рути, застанувавме, набљудувавме и разговаравме за тоа што функционира, што ни остави впечаток и што би можело да биде поинаку.

И токму додека возевме, сфативме дека велосипедската инфраструктура не е само прашање на велосипедски ленти.

Станува збор за тоа како се поврзани улиците, колку лесно можеш да стигнеш од едно до друго место, дали се чувствуваш безбедно, дали просторот е пристапен и дали велосипедот навистина може да биде дел од секојдневното движење.

За учениците, ова беше повеќе од посета на друг град.

Беше можност нешто што секојдневно го гледаме во Скопје да го погледнеме од нов агол.

Како изгледа патот до училиште ако одиш со велосипед?
Каде се чувствуваш безбедно?
Каде би сакал да има подобра врска?
И што можеме да научиме од другите градови?

Сега, дел од овие прашања ги носиме назад во Скопје.

Нашата следна мобилити размена ќе се одржи токму тука. Заедно со учесниците од Грац повторно ќе седнеме на велосипеди и ќе ја истражуваме нашата велосипедска инфраструктура – овојпат со ново искуство, нова перспектива и многу идеи од Грац.

Ова е и суштината на Европската недела на мобилност 2026, која од 16 до 22 септември се одбележува под мотото „Mobility for Everyone“, со фокус на мобилност која е достапна, инклузивна и безбедна за сите генерации.

Затоа што учењето за подобра мобилност не мора секогаш да се случува во училница.

Понекогаш најмногу учиме кога возиме, гледаме, прашуваме и споредуваме.

А можеби токму така почнуваат промените – кога ќе го погледнеме сопствениот град со нови очи.

#EuropeanMobilityWeek #MobilityForEveryone #OurCityOurRide #VeloSchools #Cycling #SustainableMobility #Graz #Skopje

OTHER Uncategorized

Чисто водно – наша заедничка одговорност

На 8 јули 2026 година, во рамки на иницијативата Green Wheelers, успешно се одржа еколошката акција „Чисто Водно – наша заедничка одговорност“, која обедини граѓани со заедничка цел – зачувување на едно од најзначајните природни богатства на Скопје. Учесниците се собраа во раните утрински часови кај Полициската станица – Водно, од каде започна акцијата за […]

Read more

Промотивно видео за селекција на органски отпад и циркуларна економија

Погледнете го нашето ново промотивно видео кое ја истакнува важноста на селекцијата на органскиот отпад и придобивките од неговото правилно сортирање. Целта на видеото е да поттикне граѓански ангажман и да ја нагласи улогата на органскиот отпад како секундарна суровина во создавањето здрава животна средина и ублажувањето на климатските промени. Во продукцијата учествуваа експерти за […]

Read more

DIFERAL Newsletter#4

Напредокот на проектот DIFERAL кон пилотирањето и пуштањето во употреба на МООС платформата. Конзорциумот на проектот DIFERAL се состана во Тампере, Финска, во јуни 2026 година, на четвртиот Транснационален состанок на проектот и едукативниот настан ULOS-UT-OUT. Партнерите го разгледаа досегашниот напредок, дискутираа за претстојната пилот-фаза и гидоговорија завршните активности потребни за трансформирање на Рамката на […]

Read more

Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

Read more