The science behind climate change – how to make it simple, fun and interactive for everyone?
➡️ ➡️На оваа тема, Еко Логик водеше сесија во рамки на Младинскиот самит за климатски промени. Беа изведени експерименти, презентирани едукативни игри, за на крајот младите бидат во улога на донесувачи на одлуки, со цел да ги увидиме нивните размислувања на актуелни теми и предизвици.
➡️ На настанот се усвои Младинска декларација за климатски промени со која се бара носителите на одлуки да преземат конкретни мерки за климатските промени и да се создадат повеќе можности и простор за младите да влијаат на одлуките поврзани со климатските промени.
————————————————————————–
⬇️
Младинскиот климатски самит – иницијатива предводена од младите – беше поддржан од УНИЦЕФ заедно со италијанската, шведската и британската амбасада во Северна Македонија и се организира по глобалниот настан “Младите за климата – предводници на амбицијата“ што се одржа во Милано и пред 26-та Конференција на партиите на ОН за климатски промени (COP26) во Глазгов.