Почитувани,
Здружението на граѓани Еко Логик, преку Еразмус програмата имплементира проект насловен “Circle lab“.
Целта на проектот има за цел да го поддржи професионалниот развој на професорите преку примена на практични и иновативни алатки во насока на промоција на циркуларна хемија во средните училишта. Во рамки на проектот ќе бидат подготвени дидактички материјали и едукативна игра кои ќе бидат поставени на онлајн платформа која ќе биде достапна за сите заинтересирани страни.
Таргет групи се професори и ученици од средни училишта, хемиски истражувачки центри, едукатори, младински организации и сите оние кои работат во сродна област кои се опфатени со овој проект.
Целта на овој повик е да поттикне интерес за доставување на понуди за постпродукција на 6 едукативни видеа.