Уште една The Art of Cycling работилница во Унгарија

На 28 октомври 2022 година во Будимпешта, Унгарија, партнери во The Art of Cycling организираа работилница за велосипедизам за наставници.  Преку работилницата, на наставниците им беа презентирани примери за како на забавен, практичен и интерактивен начин – преку игрa да организираат предавање за правилно и безбедно возење велосипед.   Покрај тоа, наставниците, возејќи велосипед во група, […]

На 28 октомври 2022 година во Будимпешта, Унгарија, партнери во The Art of Cycling организираа работилница за велосипедизам за наставници. 

Преку работилницата, на наставниците им беа презентирани примери за како на забавен, практичен и интерактивен начин – преку игрa да организираат предавање за правилно и безбедно возење велосипед.  

Покрај тоа, наставниците, возејќи велосипед во група, ја истражуваа, анализираа и дискутираа велосипедската инфраструктура на делови на Будимпешта, и на терен тестираа неколку различни сообраќајни ситуации при возење велосипед. 

Проектот „The Art of Cycling“ има за цел да поттикне заеднички иницијативи за одржлив транспорт и урбана мобилност. Проектот го спроведуваат организации од Македонија, Унгарија и Италија. Истиот е финансиран преку Еразмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

Еко Логик е координатор на проектот.

OTHER News

Прва средба и обука за циркуларна економија 

Во рамки на ЦЕ Академијата одржана од Арно имавме можност да се запознаеме со основите на циркуларната економија. Преку воведна презентација од проф. д-р Наташа Данилоска, беа претставени концептите на 8R и нивната примена во создавање одржливи бизнис модели. Дискусиите ја нагласија важноста на интегрирањето на циркуларните принципи во секојдневните проекти и организации. Што научивме […]

Read more

Еко Логик станува дел од коалицијата за заштита на урбаното зеленило

Од 17 декември, Еко Логик официјално е дел од коалицијата посветена на борбата против злоупотребата на урбаното зеленило. Оваа иницијатива обединува граѓански организации, активисти и граѓани, со цел да се обезбеди достапно зеленило во секое соседство и општина, како и да се создадат услови за транспарентност и одговорност во неговото управување. Коалицијата ќе работи на […]

Read more

Извештај Up2neb Living Labs

Придонесот на Living Labs во Поттикнувањето на Одржливост, Инклузивност и Естетика: Искуства од Проектот UP2NEB Living Labs претставуваат иновативен пристап кој ги вклучува локалните заедници во заедничко креирање решенија за актуелните општествени и еколошки предизвици. Во рамките на проектот UP2NEB, овие лаборатории беа дизајнирани да ги истражат и зајакнат трите клучни принципи на иницијативата Нова […]

Read more

ИГРА ПРЕДИЗВИК ЗА ЦИРКУЛАРНА ХЕМИЈА

Игра за Циркуларна Хемија: Нов Начин за Учење и Едукација Зошто Циркуларната Економија е Важна? Циркуларната економија се фокусира на создавање решенија за одржлив развој преку минимизирање на отпадот и максимизирање на искористеноста на ресурсите. За да се доближи оваа концепција до младите генерации, проектот “Циркуларна хемија во дигиталната ера”, поддржан од Еразмус+, ја претставува […]

Read more

Eco Logic на ECON 2024: Ново поглавје на соработка и иновации

Со големо возбудување, Eco Logic објавува дека ќе учествува на ECON 2024, настан кој собира организации и експерти од цела Европа со цел да поттикне соработка, размена на знаења и истражување на нови можности во светот на ЕУ проектите. Оваа година, настанот ќе се одржи во Порто, Португалија, на 5 и 6 декември. Што е […]

Read more

Извештајот од проектот „Усогласување на менаџерските цели со влијанијата на туризмот“

Еко Логик со гордост го претставува проектот „Усогласување на менаџерските цели со влијанијата на туризмот“, финансиран од PONT. Овој проект има за цел да поттикне одржлив туризам и да обезбеди ефикасно управување со заштитените подрачја во планинскиот масив Корaб-Коритник, кој ги опфаќа териториите на Северна Македонија, Албанија и Косово. Проектот се фокусира на заштитата на […]

Read more