На 21 и 22 октомври го одржавме последниот партнерски состанок во рамките на проектот GEA, каде што заедно со партнерите ги сумиравме резултатите и заеднички ја заокруживме оваа трогодишна приказна на инспирација, учење и позитивни промени.
Овој значаен настан се одржа во Брисел и беше збогатен со завршна меѓународна конференција, на која ги споделивме:
✨ постигнатите успеси во изминатите 3 години
📚 искуствата, моделите и добрите практики од имплементацијата
💡 научените лекции што ќе не водат во креирање уште подобри програми за образование за животна средина за возрасни
Голема благодарност до сите партнери, учесници, обучувачи и организации кои беа дел од ова патување и дадоа свој придонес кон развивање на едукацијата за одржливост. 🌱
Но… официјалното затворање сè уште не е тука! Следете нè, бидејќи на 30-ти октомври нè очекува уште еден посебен настан од GEA: „Скопје зборува“ – по кој и официјално ќе го затвориме проектот. Не го пропуштајте!


