Децата сакаат утрински вежби за растегнување и дишење. Особено сакаат кога овие вежби ги прават надвор – во природа. Впрочем, секоја активност на отворено им е омилена.
Погледнете ги фотографиите од двете активности на отворено што градинката 13 Ноември – Скопје ги организираше во текот на ноември месец. Едната преку која децата учат правилно да дишат, да ја развиваат свеста за телото и потребата од растегнување, а другата – садење есенско цвеќе, организирана во рамки на подготовките за роденденот на градинката.
–
Активностите на отворено се организираат во рамки на Glow Project, кој освен во Македонија, се спроведува во Данска, Кипар, Португалија и Словачка. Проектот е поддржан преку Erasmus Plus програмата и истиот цели да поттикне едукативни активности со децата надвор – на отворено. Еко Логик е партнер во овој проект.
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/317083787_5628554653891977_2190055237960866953_n.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/317097833_5628554920558617_5210963392880571202_n.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/317622335_5628554630558646_3631448903333296280_n.jpg)