Во ноември, во објектот „Ѓурѓица“ на градинката „Весели Цветови“ – Скопје, беа организирани неколку едукативно-рекреативни активности за деца на отворено. Една од активностите, организирани во овој период беше и играта со натпреварувачки карактер – „Кој прв до целта“. Во рамки на активноста, децата требаше да минат низ најразлични пречки од столчиња до хулахопи и сл., а првиот до целта беше победник. Активностите на отворено на градинката беа организирани со цел да се развие натпреварувачкиот дух кај децата, да вежбаат баланс, снаодливост, како и да се забавуваат. Истите беа организирани од учителките Елена Гоговска и Ане Велјановска.
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/316829350_5628637943883648_6719179575076979601_n-1920x1440.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/316958341_5628639717216804_8695405264898109774_n-1440x1920.jpg)
![](https://ecologic.mk/wp-content/uploads/2023/01/317278598_5628639843883458_5130267407304273037_n-1920x1440.jpg)