Еко Логик и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

На 17 ноември 2026 година, Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Логик“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје официјално потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темелите за долгорочно партнерство во областа на образованието, истражувањето, одржливиот развој и заедничкото учество во национални и меѓународни проекти. Целта на ова партнерство […]

На 17 ноември 2026 година, Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко Логик“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје официјално потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темелите за долгорочно партнерство во областа на образованието, истражувањето, одржливиот развој и заедничкото учество во национални и меѓународни проекти.

Целта на ова партнерство е да се поврзат академското знаење, научноистражувачката работа и практичното искуство на граѓанскиот сектор, со цел развивање современи образовни пристапи, нови методологии и иницијативи кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот на образованието.

Соработката ќе биде насочена кон подготовка и реализација на заеднички проекти во рамките на европските програми, како што се Erasmus+, Horizon Europe и други релевантни фондови, но и кон развивање локални иницијативи кои одговараат на реалните потреби на образовните институции, наставниците, учениците и пошироката заедница.

Посебен акцент ќе биде ставен на еколошкото образование, одржливиот развој, инклузивните и иновативните образовни практики, неформалното образование и примената на интерактивни методологии во наставниот процес.

Една од важните цели на соработката е активно вклучување на професорите и студентите на Педагошкиот факултет во заеднички активности, преку истражувања, практична работа, обуки, работилници, тестирање образовни алатки и развој на нови едукативни содржини. На овој начин, студентите ќе имаат можност да стекнуваат практични искуства и да учествуваат во проекти со конкретна примена во образованието и заедницата.

За Еко Логик, кое повеќе од една деценија активно работи на развој и имплементација на образовни и еколошки проекти, ова партнерство претставува можност за дополнително зајакнување на соработката со академската заедница и заедничко создавање решенија кои ги поврзуваат образованието, науката и практиката.

Со потпишувањето на Меморандумот, двете страни ја потврдуваат својата заедничка заложба за развој на квалитетно, инклузивно и современо образование, отворајќи простор за нови партнерства, размена на знаења и реализација на иницијативи со долгорочно позитивно влијание врз образовниот систем и општеството.

OTHER Network News

Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“

Со цел зајакнување на соработката и создавање нови можности за унапредување на предучилишното образование, Еко Логик потпиша Меморандум за соработка со Независниот синдикат на предучилишните работници и „5-тата сила“. Ова партнерство претставува значаен чекор кон поврзување на граѓанскиот сектор со претставниците на предучилишните работници, со заедничка визија за поквалитетно, поинклузивно и поодржливо образование, како и […]

Read more

МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА

Македонската платформа против сиромаштија – МППС е сојуз на здруженија на граѓани во кој на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани и индивидуални истражувачи, со цел намалување на сиромаштијата преку промоција на социјална правда, партиципативна демократија, заштита на човековите права, еднаквост, недискриминација и владеење на правото. МППС е непрофитна, непартиска и невладина организација. Процесот на […]

Read more

Еко Логик стана дел од I-STEP Network

Со задоволство споделуваме дека Еко Логик стана дел од I-STEP Network, меѓународна мрежа на организации кои работат на полето на образованието, социјалната инклузија, професионалниот развој и учеството во заедницата I-STEP Network ги поврзува организациите со цел нивната соработка и размена на искуства да се претворат во практични методи, алатки и обуки кои можат директно да […]

Read more

Еко Логик дел од „Ресурсен Центар Карпош“

Со задоволство објавуваме дека Еко Логик е избрана како една од деветте невладини организации кои стануваат дел од „Ресурсен Центар Карпош“. Во Општина Карпош се одржа првиот координативен состанок на Центарот, со учество на девет организации избрани преку јавен повик. Средбата означи почеток на нова платформа за поврзување, размена на знаење и создавање заеднички иницијативи […]

Read more

Еко Логик и ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка

Еко Логик и Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој поставуваат темели за долгорочно партнерство насочено кон создавање нови можности за личен развој, еколошка едукација и активно учество на децата и младите во заедницата. Партнерството претставува важен чекор кон заедничко делување во области од особено значење за идните […]

Read more

Climate Bridge Network

The Climate Bridges Network is an expanding alliance that brings together civil society organizations, research institutions, public authorities, and social enterprises from across Southeastern Europe, all dedicated to advancing climate action. Focused primarily on the Western Balkan region, the Network provides a platform for collaboration, knowledge sharing, and coordinated efforts toward achieving sustainable climate solutions. The Network […]

Read more