Инспиративна работилница за одржлив туризам во Кочани

На почетокот на јуни, заедно со Општина Кочани, организиравме уште една едукативна и инспиративна работилница посветена на темата одржлив туризам. Настанот се одржа во Кочани и беше наменет за средношколци и наставници од локалните училишта. За време на работилницата ја претставивме програмата за е-учење за одржлив туризам, развиена во рамки на PRepare проектот. Преку интерактивна […]

На почетокот на јуни, заедно со Општина Кочани, организиравме уште една едукативна и инспиративна работилница посветена на темата одржлив туризам. Настанот се одржа во Кочани и беше наменет за средношколци и наставници од локалните училишта.

За време на работилницата ја претставивме програмата за е-учење за одржлив туризам, развиена во рамки на PRepare проектот. Преку интерактивна презентација и дискусија, учесниците добија можност да научат повеќе за туристичкиот сектор, потенцијалот за вработување и можностите за развој на локални иницијативи поврзани со одржливи практики.

Работевме и на развивање на креативни идеи за зелен туризам, со фокус на промоција на природните, културните и гастрономските потенцијали на Кочани. Во мали групи, младите предложија конкретни активности и пристапи за привлекување туристи, со акцент на заштита на животната средина и локалниот идентитет.

Особена благодарност упатуваме до учениците и професорите од СОУ “Љупчо Сантов“ – Кочани и СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за нивниот ентузијазам, идеи и ангажман. Исто така, благодарност и до Општина Кочани и хотел СитиИн за поддршката и за споделувањето на искуства и добри практики преку нивните презентации.

PRepare проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ програмата. Проектот се реализира во соработка со партнери од Турција, Италија, Грција и Македонија и има за цел да ги поддржи младите и локалните заедници во развојот на капацитети за одржлив туризам.

OTHER Activities News

Учениците покажаа дека био-отпадот може да стане ресурс и зелена бизнис можност

На 28 мај во Градски парк – Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој во изминатите две години ги обедини учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија. Настанот […]

Read more

Шарен велосипедски свет: креативна работилница и донација на велосипедски паркинзи во ООУ „Петар Поп Арсов“

Минатата недела во ООУ „Петар Поп Арсов“ се одржа креативната работилница за декорација и донација на велосипедски паркинзи „Шарен велосипедски свет“, во организација и како донација од Еко Логик. На работилницата учествуваа 55 дечиња од второ одделение, кои преку игра и креативна практична работа имаа можност да се запознаат со основните принципи на реупотреба и […]

Read more

Кога децата создаваат промена: Вело-Буре паркинзите како приказна за креативност, реупотреба и одржлива мобилност

На 21.05.2026, во рамки на Денот без автомобили организиран од Вело Училишта / Car Free Day by Velo School, oрганизиравме креативна работилница што го претвори училишниот двор во простор исполнет со боја, идеи и детска енергија. Повеќе од 100 дечиња учествуваа во активности за декорација, кроење и лепење со користени и отпадни велосипедски гуми. Преку […]

Read more

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more

Видео кампања: Граѓански активизам за циркуларна економија во управувањето со органски отпад

Дали знаете дека биоотпадот сочинува дури 40–60%, а на некои места и до 70% од комуналниот отпад што го создаваат домаќинствата? Кога овој отпад се меша со останатите фракции и завршува на депонии, се создава метан – експлозивен гас што придонесува за климатските промени и предизвикува пожари. Токму затоа, решението не е само во законите […]

Read more

КОМПОСТИРАЊЕ ВО РОВОВИ – ПРАКТИЧНА ТЕХНИКА ЗА СПРАВУВАЊЕ CО БИО-ОТПАДОТ ОД ДОМАЌИНСТАВАТА ВО ПЕРИ-УРБАНИ И РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Што е тоа компост? Компостот е природен органски материјал добиен со контролирано разградување на био-отпад – процес во кој микроорганизми (бактерии и габи), со присуство на кислород, влага и соодветна температура, ги претвораат органските остатоци во стабилна „почвена хумусна“ маса. Резултатот е темен, ронлив материјал со земјен мирис, кој ја подобрува структурата на почвата, ја […]

Read more