Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) во партнерство со Еко Логик и ЦЕД Флорозон – Скопје, објавува повик за избор на физичко или правно лице за подготовка на медиумски план и развој на визуелен идентитет за дигитална едукативно-информативна кампања.
Целта на кампањата е преку социјалните мрежи и други дигитални канали да се подигне јавната свест за штетните влијанија од неконтролираното постапување со органски отпад од домаќинствата, како и да се промовираат придобивките од искористувањето на био-отпадот. Крајниот резултат треба да вклучи едукативни материјали во форма на инфо-графици, видеа, статии и дигитални прилози, со фокус на јасна, разбирлива и визуелно привлечна комуникација.
Очекувани активности:
- Изработка на медиумски план за дигитална медиумска кампања
- Развој на креативен концепт и визуелен идентитет
- Презентација на нацрт медиумскиот план и негова ревизија по насоки од тимот
- Консултативни состаноци со проектниот тим
- Подготовка на краток завршен наративен извештај
Право на учество имаат сите заинтересирани физички и домашни правни лица со најмалку пет години искуство во креирање и спроведување медиумски кампањи. Понудите се доставуваат најдоцна до 26 мај 2025 година до 16:00 часот, електронски, на следните адреси:
project@florozon.org.mk и andrijana.ecologic@gmail.com, со назнака: „Понуда за подготовка на медиa план“.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.