Здружение на Граѓани Еко Логик, во рамки на проектот насловен „Влог реализација за вело едукација“ поддржан од Град Скопје, спрведе прашалник кој имаше за цел да ни го претстави мислењето на средношколците на ниво на Град Скопје за користењето на велосипедот како алтернативно превозно средство, нивните предизвици со кои се соочуваат во секојдневието при возењето велосипед, како и инфраструктурата во нивните училишта.
Во анкетата беа опфатени 228 средношколци и нивните одговори даваат одредена слика која ќе биде проследена до релевантните засеганти страни.