„Училиште за одржлив развој“ всушност означува неформално изучување и разбирање на целите за одржлив развој (поставени од Обединетите Нации за 2030 година) преку низа активности, интерактивни алатки, едукативни игри (подготвени од Здружението на граѓани- Еко Логик) и модули во рамки на реализирање на кампови во различни плански региони во државата. Главна цел е да ги едуцира учениците од средните училишта во Република Македонија во оваа област, но исто така и да ги мотивира, односно активира да дејствуваат во решавање на различни еко-проблеми во нивното место на живеење.
Преку „Училиштето за Одржлив Развој“ средношколците имаат можност подобро да се запознаат не само со Целите за Одржлив Развој, меѓутоа и со актуелните локални проблеми поврзани со секоја одделна цел, а со самото тоа, да стекнат подобри вештини во нивно надминување и да станат промотори за поздрава и почиста околина.