Fast Forward: Тренинг модули со најдобри практики

Дали си подготвен(а) да бидеш дел од решението?Време е да престанеме да зборуваме и да почнеме да дејствуваме.🌍 Toolkit за климатска акција веќе е тука — и е наменет токму за тебе! Во рамките на проектот Fast Forward: Engage, Connect, and Empower Youth for a Sustainable Green Future, Еко Логик заедно со партнерите разви високо-квалитетна, […]

Дали си подготвен(а) да бидеш дел од решението?
Време е да престанеме да зборуваме и да почнеме да дејствуваме.
🌍 Toolkit за климатска акција веќе е тука — и е наменет токму за тебе!

Во рамките на проектот Fast Forward: Engage, Connect, and Empower Youth for a Sustainable Green Future, Еко Логик заедно со партнерите разви високо-квалитетна, практична и интерактивна алатка (toolkit) за млади и младински работници од Западен Балкан.


✅ Што содржи toolkit-от?

🔹 Модули за климатска наука, проекции и несигурност
🔹 Влијанието на климатските промени врз природни и човечки системи
🔹 Адаптација и отпорност: како да се подготвиме за идни предизвици
🔹 Системско размислување и проценка на животен циклус
🔹 Практични активности, квизови, мапи и сценарија
🔹 Насоки за дизајн на климатски проекти
🔹 Локални решенија и инспиративни студии на случај


👥 Кој може да го користи?

  • Млади активисти и волонтери
  • Едукатори и младински работници
  • Невладини организации
  • Ученици, студенти и наставници
  • Секој што сака да делува за климатска правда

📥 Преземи ја алатката и започни со промена!

Овој toolkit е бесплатен и достапен за секого. Целта е да ги едуцираме, поврземе и инспирираме младите да станат лидери на зелената трансформација.
Промената започнува со знаење — а оваа алатка ти го дава токму тоа.

OTHER Uncategorized

Чисто водно – наша заедничка одговорност

На 8 јули 2026 година, во рамки на иницијативата Green Wheelers, успешно се одржа еколошката акција „Чисто Водно – наша заедничка одговорност“, која обедини граѓани со заедничка цел – зачувување на едно од најзначајните природни богатства на Скопје. Учесниците се собраа во раните утрински часови кај Полициската станица – Водно, од каде започна акцијата за […]

Read more

Промотивно видео за селекција на органски отпад и циркуларна економија

Погледнете го нашето ново промотивно видео кое ја истакнува важноста на селекцијата на органскиот отпад и придобивките од неговото правилно сортирање. Целта на видеото е да поттикне граѓански ангажман и да ја нагласи улогата на органскиот отпад како секундарна суровина во создавањето здрава животна средина и ублажувањето на климатските промени. Во продукцијата учествуваа експерти за […]

Read more

DIFERAL Newsletter#4

Напредокот на проектот DIFERAL кон пилотирањето и пуштањето во употреба на МООС платформата. Конзорциумот на проектот DIFERAL се состана во Тампере, Финска, во јуни 2026 година, на четвртиот Транснационален состанок на проектот и едукативниот настан ULOS-UT-OUT. Партнерите го разгледаа досегашниот напредок, дискутираа за претстојната пилот-фаза и гидоговорија завршните активности потребни за трансформирање на Рамката на […]

Read more

Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

Read more