Граѓански активизам за остварување на циркуларнаекономија во управувањето со органски отпад

Наслов на проектот :Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. “Civic activism for succeeding of a circular economy in the organic waste management” Времетраење на грантот 28 месеци Вкупен буџет 5,500.000.00 МКД Кратко објаснување за избраната специфична тема/област: Циркуларна економија е една од 5-те главни столбови на коишто почива ЕУ […]

Наслов на проектот :Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.

“Civic activism for succeeding of a circular economy in the organic waste management”

Времетраење на грантот 28 месеци

Вкупен буџет 5,500.000.00 МКД

Кратко објаснување за избраната специфична тема/област: Циркуларна економија е една од 5-те главни столбови на коишто почива ЕУ Зелената агенда за Западен Балкан. Циркуларната економија е значаен концепт, бидејќи се стреми ресурсите да се одржуваат во економијата што е можно подолго, минимизирајќи го создавањето на отпад, со што се намалуваат притисоците врз животната средина и климата.

Општа цел: Постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

Специфична цел:

С.Ц.1: Запознавање на ученици од 7-9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) во скопскиот регион, со потенцијалот од искористување на отпадот како суровина, преку демонстрирање на практични техники во Био-технолошка лабораторија .

С.Ц.2: Граѓански активизам во корист на одржливото управување со отпад и придонес кон спречување органски отпад да заврши на депонија, преку негова преработка.

С.Ц.3: Завршен отворен промотивен настан за претставување на резултатите од проектот и информирани околу 100.000 граѓани.

Резултати:

Р.1: 500-1000 ученици од 10 ООУ во Карпош, 6 ООУ во Кисела Вода и 4 ООУ во Ѓорче Петров, ќе стекнат практични знаења за искористување на придобивките од органскиот отпад.

Р.2: Активирани граѓани придонесуваат за одржливо управување со органскиот отпад:

•           Р.2.1: Спроведена електронска анкета за утврдување на степенот на знаења на широката јавност за штетните влијанија и придобивките од постапувањето со био-отпадот

•           Р.2.2: Околу 100.000 опфатени со промотивна кампања за подигнување на јавна свест за штетните влијанија од неконтролираното постапување со органската компонента на отпадот од домаќинства и придобиваите од искористувањето на био-отпадот, со примена на дигитални алатки, социјални мрежи и други е-канали.

•           Р.2.3: Околу 1000 домаќинства или најмалку 2500 граѓани активни во селекција и селективно собирање на органски отпад за негова преработка во корисни производи (производи добиени во Био-технолошка лабораторија или подобрувач на почвени карактеристики – биокомпост).

•           Р.2.4: Разработени концептуални решенија за интегрирано управување со био-отпадот во општините кориснички

Р.3: Реализиран завршен промотивен настан за претставување на резултатите од проектот и информирани околу 100.000 граѓани.

Активности:

А.1.1. Реализација на 20 еднодневни работилници во Био-технолошка лабораторија, наменети за околу 500 ученици од 20 ООУ од скопскиот регион, на коишто ќе се изучуваат техники за трансформација на потенцијалот на биоотпадот  до корисни производи од фармакологијата, козметиката, прехранбената индустрија и сл.

А.1.2. 20 настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти (на отворено) со мобилна опрема од лабораторијата, наменети за дополнителни околу 500 ученици, коишто ќе се случуваат во кабиниетите по хемија или биологија или холот или дворот на училиштата.

А.1.3. 2 дводневни работилници водени од наставници, експерти и волонтери за тестирање на креативни зелени идеи, преку кои 30-50 заинтересирани ученици да го продолжат школувањето во средни стручни училишта од хемиско-технолошката и земјоделско-ветеринарната струка ќе трансформираат био-отпад до корисен продукт, со цел развивање на одржлив зелен бизнис.

А.2.1. Спроведување на анкета за утврдување на знаењето на населението за штетниот ефект од биоразградливата компонента на био-отпадот и степенот на познавање на начините за постапување со органскиот отпад, што се генерира во домаќинствата.

А.2.2 Разработена и спроведена промотивна дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад, досатапни преку социјални мрежи и други дигитални канали.

•           А.2.2.1 Развиени и достапни дигитални и/или печаени информативно-едукативни материјали (прирачници, инфо-графици, адаптирани достапни видео записи, дигитални прилози, во форма на статии или интервјуа и сл.) со едноставни појаснувања за придобивките и начините за селекција и искористување на органската компонента на отпадот од домаќинства. 

А.2.3 Пренесени знаења (од страна на обучените ученици и преку достапни дигитални и/или печатени информативно-едукативни материјали) до околу 1000 домаќинства или најмалку 2500 граѓани за начините на селекција, подготовка и чување и селективно собирање на органски отпад, по видови, со цел негово искористување во био-технолошка лабораторија и/или биокомпостара.

•           А.2.3.1 Од 500-1000 домаќинства или најмалку 2500 граѓани ќе се вклучат во активности за селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на корисни продукти во био-технолошка лабораторија. 

•           А.2.3.2 Од 500-1000 домаќинства или најмаку 2500 граѓани ќе се вклучат во активности за селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на компост во биокомпостара.

А.2.4 Разработка на концептуални решенија за интегрирано управување со био-отпадот во општините кориснички.

А.3.3. Реализација на завршен промотивен настан од отворен карактер за претставување на резултати од проектот, преку промоција на најуспешните училишта активни во собирањето на органски отпад и регрутирање на широка маса заинтересирани граѓани да се вклучат во процесот на селекција и собирање на органски отпад.

Граѓанскиот ангажман ќе биде поттикнат преку:

1.         Информирање и едукација: Образувани граѓани, кои стекнале знаења за да го разберат светот околу себе, се повеќе наклонети за вклучување во одржливи практики. Поттикнувањето на заеднички активности со учениците и спроведувањето на кампања по мерка на граѓаните, за изучување начини за постапување со органскиот отпад се дел од активностите на проектот за зголемување на знаења и свесност за циркуларната економија и правилното постапување со отпадот во заедницата.

2.         Селектирање и искористување на сортирани фракции од органски отпад: Граѓаните преку демонстративните примери коишто ќе бидат споделени во заедницата ќе бидат поттикнати да селектираат одделни фракции на органски отпад и да го подготвуваат и чуваат до повторно користење, заради намалување на штетните влијанија од неконтролираното постапување со органскиот отпад и појавата на ефектот на стаклена градина и причина за појава на климатските промени.

         Со оглед на тоа што, проектот ќе базира на експериментална опрема, што е составен дел на Био-технолошка лабораторијата, проектот дава можности за изведување на експерименти, во процеси на циркуларна економија при управување со органски отпад, и искористување на неговиот потенцијал како суровина, односно добивање корисни производи, како дел од прехранбената, козметичката, фармацевтската индустрија, земјоделството, медицината и ветеринарството.

         10 ротирачки компостери (што потсетуваат на двојни ритирачки барабани), со волумен од 190 литри (секој) поставени во дворните места на сите основни училишта во Општина Карпош, ќе бидат на располагање во проектот за производство на компост, којшто ќе послужи за уредување на училишните дворови. Компостерите безбедно можат да се користат и од страна на најмалите ученици.

         Навиките што граѓаните ќе ги стекнуваат со практична примена на достапни уреди, апаратура и сл. ќе ги подготви во совладување навики со цел придонесување во двете биокомпостари на Град Скопје, чија намена е ефикасно компостирање на органскиот отпад. Биокомпостарите се дел од системските решенија за третирање на биоразградливот отпад и производство на природно ѓубриво (високо квалитетен компост) за зелените површини во градот. На овој начин, домаќинствата ги подготвуваме за тоа што е нина обврска во делот на управувањето со органски отпад.

3.         Поддршка на одржливи бизниси и локални иницијативи: Информираните и едуцирани граѓани ќе може да поддржуваат локални бизниси и иницијативи кои промовираат циркуларна економија и одржливи практики во управувањето со отпад до креирање на производи во секундарни процеси, како дел од Зелени бизнис идеи.

4.         Активирање во заедницата: Заеднички активности за размена на искуства и примена на одржливи практики, го засилува заедничкото чувство на одговорност, припаѓање кон заедницата и поттикнуваат задоволство од придонесување за заштитата на животната средина и развивање култура на одржливост.

Проектот Граѓански активизам за остварување на циркуларнаекономија во управувањето со органски отпад е поддржан од Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво.

Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Контакт лице

andrijana.ecologic@gmail.com- www.ecologic.mk
OTHER Projects Uncategorized

Прирачник за поттикнување меѓугенерациско разбирање преку планинарење во природа

Во светот каде што секојдневниот живот е преполн со обврски и брзина, природата станува простор за обновување на телото и духот. Hiking 4 Understanding – H4U е иницијатива која поттикнува меѓугенерациски дијалог преку активности во природа. Со оваа програма, млади и постари заедно истражуваат, учат и создаваат спомени кои траат. Зошто планинарење?Планинарењето е повеќе од […]

Read more

UP2NEB – Interdisciplinary, youth-centred upskilling path leveraging on the New European Bauhaus toward peripheral communities

Project Reference: 2023-2-IT03-KA220-YOU-000177436 Project Status Ongoing Programme Erasmus+ Key Action Partnerships for cooperation and exchanges of practices Action Type Cooperation partnerships in youth Countries covered 8 Objectives UP2NEB aims to engage, connect and empower youth workers from EU peripheral areas, equipping them with co-designed, practical learning resources and updated skills. They will then be able to […]

Read more

Cope-Well – Competences for Everyday Mental Wellbeing

Cope-Well – Competences for Everyday Mental Wellbeing – KA220-ADU – Cooperation partnerships in adult education Eco Logic in a partnership with Humanost. Ref No: 2024-1-SE0 1 -KA220-ADU-000248297

Read more

Diferal: Differentiated Instruction For the Environment For All

Diferal: Differentiated Instruction For the Environment For All (KA220-SCH – Cooperation partnerships in school education) Eco – Logic is a partner organization.Ref No: 2024-1-EL01-KA220-SCH-000252810

Read more

Greenlead – Introducing the job profile of the Green Leader

 Greenlead – Introducing the job profile of the Green Leader – Cooperation partnerships in vocational education and training (KA220-VET).  Eco – Logic is a partner organization.Ref No: 2024-1-ES01-KA220-VET-000248872

Read more

 Overall collecting all data from the National Report Migrants Living Under a new Sky 

The purpose of thе report is to present in detail the analysis of the data collected by the project partner countries on migration data, opportunities to attend language courses of the host country, their availability, the experience of organizations and teachers in working with migrants who have arrived in the country. A questionnaire survey for […]

Read more