Искуствено учење – тестирање на подготвени активности/експерименти за животна средина и климатски промени во основни училишта (Недела број 2)

Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in primary schools (Week number 2) Во период од 08.11 до 17.11.2021 година, 19 основни училишта од општините Виница, Штип, Градско, Демир Капија, Куманово, Чашка, Крушево, Битола, Новаци, Кавадарци, Велес, Брвеница, Охрид, Струмица и Дебар реализираа 49 подготвени активности/експерименти од страна […]

Experiential learning – testing of prepared activities / experiments on environment and climate change in primary schools (Week number 2)

Во период од 08.11 до 17.11.2021 година, 19 основни училишта од општините Виница, Штип, Градско, Демир Капија, Куманово, Чашка, Крушево, Битола, Новаци, Кавадарци, Велес, Брвеница, Охрид, Струмица и Дебар реализираа 49 подготвени активности/експерименти од страна на Еко Логик во рамките на проектот  “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА). Преку активности беа опфатени 993 ученици од основно училиште.

Активностите кои се реализираа а беа во насока на унапредување на образованието за животна средина и климатски промени беа:

  • Вода и ерозија
  • Профил на почва
  • Растенија и ерозија на почва

Дел од коментарите од страна на наставниците беа:

  • Активноста беше интересна за децата,  поради тоа што прво низ соодветно видео го изгледаа експериментот, па потоа секој си имаше своја задача и улога. Со тоа лесно се дојде до конкретниот заклучок. (Емилија Несторова, Мирјана Танчева, ООУ Петре Поп Арсов, општина Чашка)
  • Соодветна активност за подигната свест на деца од основно училиште за значењето на почвата во животот и функционирањето на човекот како и влијанието на надворешните фактори и климатските промени врз неа (Анка Ангеловска, ОУ Тошо Арсов, општина Штип)

#ecologic #екологик #животнасредина #климатскипромени #уницеф #искуствено учење

OTHER Activities News

Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

Read more

ECO-STEAM4BASICS: Природата како училница за учење, истражување и откривање

ECO-STEAM4BASICS обединува 11 организации од Кипар, Австрија, Грција, Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Словенија. Конзорциумот вклучува универзитети, организации за обука на наставници, организации од граѓанското општество и јавни образовни институции. Оваа разновидност овозможува поврзување на научните истражувања, педагошкото искуство и практичните потреби на училиштата. Партнерите се: Преку оваа меѓународна соработка, проектот има можност да […]

Read more

Учениците покажаа дека био-отпадот може да стане ресурс и зелена бизнис можност

На 28 мај во Градски парк – Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој во изминатите две години ги обедини учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија. Настанот […]

Read more

Шарен велосипедски свет: креативна работилница и донација на велосипедски паркинзи во ООУ „Петар Поп Арсов“

Минатата недела во ООУ „Петар Поп Арсов“ се одржа креативната работилница за декорација и донација на велосипедски паркинзи „Шарен велосипедски свет“, во организација и како донација од Еко Логик. На работилницата учествуваа 55 дечиња од второ одделение, кои преку игра и креативна практична работа имаа можност да се запознаат со основните принципи на реупотреба и […]

Read more

Кога децата создаваат промена: Вело-Буре паркинзите како приказна за креативност, реупотреба и одржлива мобилност

На 21.05.2026, во рамки на Денот без автомобили организиран од Вело Училишта / Car Free Day by Velo School, oрганизиравме креативна работилница што го претвори училишниот двор во простор исполнет со боја, идеи и детска енергија. Повеќе од 100 дечиња учествуваа во активности за декорација, кроење и лепење со користени и отпадни велосипедски гуми. Преку […]

Read more

PATS Билтен бр.1

Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS Возбудени сме официјално да го претставиме проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets) иницијатива која ги поврзува младите уметници, младинските работници и културните организации во заедничка мисија: уметноста да стане двигател на општествени и еколошки промени. PATS ја носи уметноста […]

Read more