Вело Училишта

logo-velo-schools

Програмата “Вело училишта” има за цел да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија.

Веб Сајт: https://veloschools.mk/

Како дел од една посветена мрежа, на основните училишта низ Македонија им е овозможено да организираат и спроведуваат активности за промовирање на велосипедизмот до и од училиште, како и безбедноста во сообраќајот. Програмата “Вело училишта” се базира на пристапот за промена на однесувањето, кој се применува во проектите за европска одржливост на мобилноста преку препознавање на училиштата кои успешно имплементираат активности поврзани со темата велосипедизам.

Применлив пристап

Програмата воведува пристап кој ја стимулира конкуренцијата помеѓу училиштата кои учествуваат, како и размена на своите искуства. Потребните прашања за безбедноста на патиштата што ги попречуваат почестата употреба на велосипеди низ училиштата, кои учествуваат се опфатени преку активно ангажирање на локалните власти во текот на имплементирање на програмата.

Цел

Програмата има за цел да развие мрежа на акредитирани основни училишта низ цела Македонија, кои ќе работат самостојно и како заедница посветени на следење и проценка на активностите, како и споделување на нивните искуства меѓу врсниците.

Активни членки

Во вело мрежата се вклучени основни училишта од голем број на општини низ државата и тоа: Центар (Скопје), Карпош (Скопје), Виница, Радовиш, Кочани, Чашка, Чешиново-Облешево, Илинден (Скопје), Гази Баба (Скопје), Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија, Пехчево, Гевгелија, Куманово, Зрновци, Лозово, Јегуновце, Маврово и Ростуше, Пробиштип, Кисела Вода (Скопје), Македонска Каменица, Велес, Битола, Охрид, Крива Паланка, Кичево, Аеродром (Скопје).

Во рамките на програмата се организираат локални работилници, за сите училишта кои учествуваат, за да се обезбедат подетални информации за истата. Покрај тоа, овие работилници обезбедуваат одличен начин за генерирање на мрежа меѓу училиштата што им овозможува да ги споделат искуствата и идеите за најдобри практики.

Како дел од програмата се предвидени различни видови на активности и креативни работилници за наставниците и учениците.

Очекувани резултати од програмата

Зголемена свест на учениците, родителите, наставниците и општинските власти во избраните пилот општини за придобивките од користењето на велосипедите како алтернатива за секојдневните транспортни средства, но исто така и знаење за потребите во поглед на патната инфраструктура и безбедноста.

Главната цел на програмата е да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија, преку првата “Вело училишна мрежа”.

Вело Училишта е програма која е препознаена и со добиени позитивни препораки за нејзина имплементација во училиштата ширум Република Македонија, од страна на Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието.

Концепот на програмата Вело Училишта е заштитен/патентиран од страна на Државниот завод за индустриска сопственост во Македонија, со донесено решение за признаено право под број: 29291

Материјали

Портфилио

Портфолио – Вело Училишта

Евалуации

Општини

Евалуација Општини

evaluation-municipalities-stats__opt

Родители

Анализа на податоци – Анкета-прашалник

Анализа на податоци – „Родителите за безбедноста на сообраќајот во зоната на училиштето“

Споредба Училишта-Општини

Евалуација 2-споредба на резултати Училишта-Општини

Училишта

Евалуација Училишта

evaluations-schools-stats__opt

Мапа со членки

Мапа со членки

Постери

OTHER Projects

Cope-Well – Competences for Everyday Mental Wellbeing

Cope-Well – Competences for Everyday Mental Wellbeing – KA220-ADU – Cooperation partnerships in adult education Eco Logic in a partnership with Humanost. Ref No: 2024-1-SE0 1 -KA220-ADU-000248297

Read more

Diferal: Differentiated Instruction For the Environment For All

Diferal: Differentiated Instruction For the Environment For All (KA220-SCH – Cooperation partnerships in school education) Eco – Logic is a partner organization.Ref No: 2024-1-EL01-KA220-SCH-000252810

Read more

Greenlead – Introducing the job profile of the Green Leader

 Greenlead – Introducing the job profile of the Green Leader – Cooperation partnerships in vocational education and training (KA220-VET).  Eco – Logic is a partner organization.Ref No: 2024-1-ES01-KA220-VET-000248872

Read more

 Overall collecting all data from the National Report Migrants Living Under a new Sky 

The purpose of thе report is to present in detail the analysis of the data collected by the project partner countries on migration data, opportunities to attend language courses of the host country, their availability, the experience of organizations and teachers in working with migrants who have arrived in the country. A questionnaire survey for […]

Read more

Граѓански активизам за остварување на циркуларнаекономија во управувањето со органски отпад

Наслов на проектот :Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. “Civic activism for succeeding of a circular economy in the organic waste management” Времетраење на грантот 28 месеци Вкупен буџет 5,500.000.00 МКД Кратко објаснување за избраната специфична тема/област: Циркуларна економија е една од 5-те главни столбови на коишто почива ЕУ […]

Read more

Erasmus+ Sport Project: Good governance and sustainability in sport (GAIA)

Erasmus+ Sport Project: Good governance and sustainability in sport (GAIA)Reference number: 101089949 – GAIADuration: 01.12.2022-31.05.2025 Eco – Logic is a partner organization. “Good governance and sustainability in sport practice (GAIA); is a Cooperative Partnership in the field of Sport aiming at fostering the contribution of sports to the achievement of the Sustainable Development Goals, more specifically […]

Read more